Проектирање информационен систем на кадри во Ф-ка за пивски слад-Прилеп

Nikoloski, Dimitar (1996) Проектирање информационен систем на кадри во Ф-ка за пивски слад-Прилеп. Diploma thesis, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола.

[thumbnail of Diplomska raboa, Dimitar Nikoloski.pdf]
Preview
Text
Diplomska raboa, Dimitar Nikoloski.pdf

Download (638kB) | Preview

Abstract

Современата организација и планирање на кадрите, се заснова на воведување на нови средства, техники и методи. Развојот на техничките науки, применетата кибернетика и електрониката, отвори нови можности за истражување, синтеза и примена на нови и подобри решенија. Тенденцијата на поврзување на техничките со општествените науки, особено доаѓа до израз кај проектирањето и изградбата на информационите системи. Создавањето на широка информациона подлога за процесот на одлучување, претставува сложен зафат, кој зависи од развојот на техничките сознанија, но и од способноста на општеството да се организира да ги користи резултатите до кои се доаѓа со воведување на систематска обработка на податоците. Човековите способности, особини и квалитети мораме детално да ги запознаеме. За тоа служи развојот на посебна систематска обработка на податоците за кадрите. Автоматски обработуваните и потполни податоци за кадрите, влијаат во одредена мерка врз подготовката и водењето на кадровската политика, а особено врз брзината на нејзината реализација. Податоците за кадрите имаат најголемо значење за иднината на секоја организација, бидејќи можат да ни дадат прецизна слика за состојбата на нашите потенцијали во однос на нивото на стручност во постоечката структура на трудот. Според тоа, изградбата на информациониот систем на кадри ни овозможува подигање на продуктивноста на трудот, не преку пораст во вложувањата во средства за работа и зголемување на органскиот состав на капиталот, туку преку подобра организација во користењето на знаењата и подобра организација на трудот. Воведувањето на информациониот систем на кадри не претставува само прагматичко нижење на податоци за кадрите или т.н. „војна со податоците“, туку истиот настанува врз основа на тежнението да се стекне прецизна слика за најголемото богатство што го имаме, а тоа се луѓето. Систематизацијата на сознанијата за кадрите, раѓа нов квалитет и ја продлабочува основата за истражување на другите научни дисциплини кои се занимаваат со кадрите.

Item Type: Thesis (Diploma)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 28 Jan 2020 07:54
Last Modified: 28 Jan 2020 07:54
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2381

Actions (login required)

View Item View Item