Nikoloski, Dimitar (2017) Новата влада да создаде амбиент за стабилен и долгорочен економски развој. CIVIL Media.
Text
index.html Download (93kB) |
Abstract
Треба да се има предвид дека освен градежништвото, во изминатиот период на политички турбуленции, потфрлија главните генератори на растот, како што се финансиските дејности, секторот на информации и комуникации, но и преработувачката индустрија. Иако главниот акцент на привлекувањето странски директни инвестиции во претходниот период беше ставен токму на овие дејности, очигледно е дека отпочнувањето на нов инвестициски циклус е забавено и дополнително одложено. Во вакви услови, каде што маневарскиот простор на Владата е значително ограничен, вниманието треба да се насочи кон обезбедување на тековната ликвидност на стопанството и непречено исплаќање на социјалните трансфери, со цел - да се одржи финалната потрошувачка на домаќинствата и да се обезбеди минимум животен стандард на населението. Приоритетите за идниот период треба да бидат насочени кон враќање на довербата на инвеститорите, како и обезбедуваење фер третман на домашните и на странските инвеститори. Привлекувањето на странски инвестиции треба да биде мудро, во насока на поголема апсорпција на интелектуален труд и подобра синергија со домашната конјунктура.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 16 Dec 2019 19:52 |
Last Modified: | 16 Dec 2019 19:52 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2227 |
Actions (login required)
View Item |