МРЕЖИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА: СЕКТОРСКА АНАЛИЗА

Kostoska, Olivera and Kocarev, Ljupco (2019) МРЕЖИ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА: СЕКТОРСКА АНАЛИЗА. Прилози. Одделение за општествени науки (Contributions. Section of Social Sciences), Македонска академија на науките и уметностите, XLIX (1-2/18). pp. 137-149. ISSN 0350-1698

[thumbnail of Kostoska_Kocarev_Prilozi.pdf]
Preview
Text
Kostoska_Kocarev_Prilozi.pdf

Download (935kB) | Preview

Abstract

Како е организирана структурата на трговските текови за даден производ? Дали станува збор за густа, распространета мрежа, со голем број линкови, или пак, за помалку густа мрежа, вообичаено центрирана, односно организирана околу една оска која централно ги координира тековите? Овој труд ги користи алатките од анализата на мрежи за да ги испита различните карактеристики на светската трговија во различните сектори на стандардната меѓународна трговска класификација (СМТК). Притоа, направена е споредба на структурата на трговските мрежи за да се оцени степенот по којшто карактеристиките на светскиот пазар се разликуваат меѓу одделните сектори. Индексите на централизација покажуваат дека речиси сите секторски мрежи се прилично централизирани во однос на излезниот степен, односно извозните текови се стремат кон организираност околу некои есенцијални земји. Дополнително, анализите упатуваат на сознанието дека, за разлика од состојбата со увозот, нивото на БДП може да биде релативно слаба апроксимација за улогата што може да ја има една земја како извозник во трговската мрежа. Преку опсервација на коефициентите на кластерирање, може да се констатира дека, иако технолошкиот напредок и глобализацијата не ја елиминираат улогата на растојанието како фактор што може да ја попречи трговијата, сепак, неговото влијание врз структурата на меѓународната трговска мрежа се промени со текот на времето. Севкупно, направените анализи за трговските мрежи покажуваат дека, за разлика од состојбата со хомогените производи, кај комплексните и диференцирани производи преовладуваат силите што ги поттикнуваат земјите да создаваат повеќе трговски линкови. Сепак, трговската мрежа и за овие производи е далеку од комплетна, пред сè, поради значителната улога што ја имаат трошоците за тргување.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Natural sciences > Mathematics
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 16 Dec 2019 08:29
Last Modified: 05 Mar 2020 12:17
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2218

Actions (login required)

View Item View Item