Angeleski, Marjan and Nikoloski, Dimitar and Rocheska, Slavica and Mancheski, Gjorgji (2014) Знаењата и вештините на студентите – предуслов за нивна вработливост на пазарите на труд во Југоисточна Европа. In: Како до поголема вработливост на студентите и дипломците?, March 14, 2015, Skopje.
Preview |
Text
Paper, Angeleski et al.pdf Download (275kB) | Preview |
Abstract
Процесот на транзиција во Југоисточна Европа предизвика големи промени во функционирањето на пазарите на труд што се манифестираат со зголемена невработеност, а особено долгорочна невработеност. При тоа, еден од клучните проблеми претставува неусогласеноста меѓу потребните вештини за новосоздадените работни места и ефективните вештини што ги поседуваат работниците. Во вакви услови, високото образование се соочува со предизвикот да стане генератор на конкурентни и пазарно-ориентирани знаења и вештини со цел да овозможи поголема вработливост на студентите. Во овој труд се презентирани резултати од емпириско истражување чија цел е да се утврдат ставовите на студентите во поглед на стекнатите теоретски знаења и практични вештини и нивната применливост на пазарот на труд. Како резултат на тоа, формулирани се препораки за идните реформи во високо-образовните системи што треба да обезбедат поголема усогласеност меѓу побарувачката и понудата на вештини на пазарот на труд, а со тоа и поголема вработливост на студентите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 08 Dec 2019 20:33 |
Last Modified: | 08 Dec 2019 20:33 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2154 |
Actions (login required)
View Item |