Rocheska, Slavica and Angeleski, Marjan and Nikoloski, Dimitar (2019) Анализа на синџирот на вредност на софтверските фирми во Република Македонија. In: Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија. МАНУ, Скопје, pp. 345-362. ISBN 978-608-203-251-1
Full text not available from this repository.Abstract
Софтверската индустрија денес претставува една од клучните движечки сили на дигиталната економија. Со своите специфики, таа остварува мултипликативни и дисперзирани ефекти врз развојот на другите индустрии и генерира зголемена додадена вредност во економијата. Растечките
потреби и барања за софтверски производи и услуги на национално и на глобално ниво ја акцентираат потребата од потемелна анализа на економската улога и значење на оваа индустрија. Во овој контекст, се потенцира
релевантноста на софтверската индустрија во Република Македонија како област што инкорпорира значаен потенцијал за поттикнување на економскиот раст, но и област во којашто земјата може да гради компетитивна предност на глобалниот пазар. Синџирот на вредност претставува корисна аналитичка алатка којашто овозможува да се согледаат функционалните карактеристики и можности на бизнисите од софтверската индустрија за зголемување на
нивната продуктивност и ефикасност и креирање вредност за нивните потрошувачи. Оттука, овој труд е фокусиран кон анализата на синџирот на вредност на компаниите од софтверската индустрија во Република Македонија, како функционална рамка што ги опфаќа сите релевантни компоненти во процесот на креирање вредност и претставува клучен предуслов за утврдување на конкурентските перформанси на софтверската индустрија на земјата. Преку еден холистички пристап, трудот опфаќа интегрална анализа на концепциските и емпириските аспекти на софтверската индустрија и овозможува подетално контекстуално согледување на опциите, ресурсите и перспективите за унапредување на секторот. Поконкретно, како основни цели на овој труд се специфицираат следниве: а) утврдување на перформансите на софтверската индустрија во Република Македонија; б) анализа на факторите што ја детерминираат
нејзината успешност; в) идентификација на проблемите и слабостите во фунционирањето на оваа индустрија; г) согледување на потенцијалите за нејзин раст; и д) определување на мерки и препораки за унапредување и
јакнење на конкурентска моќ на софтверската индустрија.
Истражувањето е спроведено со користење на секундарни извори на податоци и опфаќа квалитативна анализа на постојната литература, прегледи, студии, извештаи и емпириски истражувања во овој домен.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 05 Dec 2019 21:44 |
Last Modified: | 05 Dec 2019 21:44 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2127 |
Actions (login required)
View Item |