Rocheska, Slavica and Angeleski, Marjan and Odzaklieska, Dragica (2019) УЛОГАТА НА БЛОКЧЕЈН-ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР. ПРИЛОЗИ. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ - МАНУ. pp. 129-135.
Preview |
Text
Manu trud Odzaklieska.pdf Download (225kB) | Preview |
Abstract
Појавата на блокчејн-технологијата како ре-
волуционерна технолошка иновација, го наметна
дискурсот за нејзините потенцијални трансфор-
мативни влијанија и ефекти врз економијата и биз-
нисот. Првите согледувања и анализи покажуваат
дека таа овозможува компресија на временската
рамка за реализација на многу трансакциски актив-
ности и нивна зголемена сигурност, безбедност и
контрола. Оттука произлегува зголемениот инте-
рес на научната и на стручната јавност за допол-
нително истражување на потенцијалите на оваа
технологија и согледување на можните придобивки
од нејзиното користење. Во овој контекст, блок-
чејн-технологијата се перципира како атрактивна
опција за технолошка трансформација на повеќе
сектори и бизниси меѓу кои особено се акцентираат
можностите за имплементација во финансискиот
сектор. Нејзината појава навестува една нова ера на
фундаментална реконфигурација на финансиската
инфраструктура и редизајнирање на традиционал-
ните деловни модели во финансиската индустрија.
Истовремено, блокчејн-технологијата, како нова
технолошка парадигма, генерира многубројни пра-
шања и дилеми кои наметнуваат потреба од поте-
мелни аналитички опсервации како претпоставка
за катализирање на согледувањата во однос на ви-
дот, опсегот и интензитетот на промените што
таа може да ги предизвика во финансиската сфера.
Оттука, овој труд е насочен кон анализа на
нејзините потенцијали за трансформација на по-
стојната функционална инфраструктура на фи-
нансискиот сектор и консеквентните ефекти и
ризици од нејзината имплементација.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Mr Dimitar Risteski |
Date Deposited: | 06 Dec 2019 10:39 |
Last Modified: | 06 Dec 2019 10:39 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2121 |
Actions (login required)
View Item |