ИЗВОЗНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ И ЕКСТЕРНАТА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Kostoska, Olivera (2018) ИЗВОЗНИТЕ ПЕРФОРМАНСИ И ЕКСТЕРНАТА КОНКУРЕНТНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА. In: Зборник од научната конференција „ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ И ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Македонска академија на науките и уметностите, Охрид, Република Македонија, pp. 173-189. ISBN 978-608-203-251-1

[thumbnail of Kostoska_MANU_2018.pdf]
Preview
Text
Kostoska_MANU_2018.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Одржувањето и подобрувањето на екстерната конкурентност претставува круцијално прашање за сите економии, особено за земјите-кандидати за членство во ЕУ, чиишто мали економии мора да се потпираат, главно, врз раст воден од извозот. Овој труд има за цел да ја оцени динамиката поврзана со извозната конкурентност на Република Македонија. Домашните мали и средни фирми се соочуваат со предизвикот на пенетрација во меѓународните пазари, главно, како резултат на интерни фактори (недостиг на менаџерски и технички капацитет) и екстерни фактори, како што се асиметричните информации во рамки на нововоспоставените операции на странските инвеститори во земјата. Дополнително, пристапот до финансии и бавниот раст на кредитите претставуваат предизвик како на страната на понудата (финансискиот сектор), така и на страната на побарувачката (фирмите). Странските директни инвестиции (СДИ) имаат незанемарлив ефект врз билансот на плаќања, особено во делот на извозните перформанси на земјата, односно акцелерацијата на извозот и неговата диверзификација. Оваа димензија би можела позитивно да ја афектира екстерната одржливост, но не треба да се смета за доволен услов при развојот на еластичен домашен разменлив сектор на долг рок. Прелевањата врз домашната економија имаат круцијална улога. Една од суштинските интервенции којашто ги олеснува прелевањата од СДИ е присуството на програми за поврзување на локалните фирми со странските инвеститори и мултинационалните корпорации. Овие конекции, вообичаено, ја поставуваат основата за долгорочна индустриска диверзификација и раст на извозот, интернационализација на домашните фирми (најчесто на индиректен начин преку зголемени барања за исполнување на меѓународните стандарди), како и привлекување дополнителни странски инвеститори и нивно задржување во земјата, пред сè заради трошоците поврзани со градењето нови мрежи на снабдувачи. Несомнено, капацитетот на државата да продолжи да привлекува инвестиции со пакетот на стимуланси ќе биде афектиран од зголемениот фискален притисок, потребата од натамошна анализа за изводливоста од воспоставувањето нови зони, сеопфатната и транспарентна оценка за импактот на стимулансите врз донесувањето одлуки од страна на инвеститорите и ерозијата на предностите во однос на трошоците на трудот. Оттука, за продлабочување на интеграцијата во европските синџири на снабдување потребно е подобрување на фундаментите (инфраструктурата и квалификациите на трудот), како и натамошни реформи за олеснување на оперативната средина и зацврстување на иновацискиот капацитет на домашниот приватен сектор.

Item Type: Book Section
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 24 Sep 2019 09:33
Last Modified: 05 Mar 2020 12:21
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1947

Actions (login required)

View Item View Item