ТЕОРЕТСКИ ОСВРТ НА ВЛИЈАНИЕТО НА ПАЗАРОТ И КОНКУРЕНЦИЈАТА ВРЗ РАЗВОЈОТ НА СИСТЕМОТ НА ЈАВНИ УСЛУГИ

Markovska, Monika and Milenkovski, Bozidar and Dimeski, Branko (2018) ТЕОРЕТСКИ ОСВРТ НА ВЛИЈАНИЕТО НА ПАЗАРОТ И КОНКУРЕНЦИЈАТА ВРЗ РАЗВОЈОТ НА СИСТЕМОТ НА ЈАВНИ УСЛУГИ. БАС Институт за менаџмент, Битола/ BAS Institute of management, Bitola, Republic of North Macedonia, Bitola, Macedonia. ISBN 978-608-4729-08-2

Full text not available from this repository.

Abstract

Целта на овој труд е теоретски осврт на улогата и значењето на пазарните сили и конкурентските односи кои тие ги продуцираат врз развојот и иновативноста при производството и испораката на услугите од јавен карактер. За постигнување на целта, во трудот се користат методите на сеопфатна анализа на теоретските достигнувања во оваа област во литературата во комбинација со историскиот метод кој овозможува анализа на студии на случај преку бројни примери од практиката на функционирањето на системот на јавни услуги особено во развиените земји. Резултатите од истражувањето посочуваат на бројни тенденции односно влијанија на пазарот и конкуренцијата врз функционирањето на јавните организации. Наспроти т.н. административни програми, самото т.н. структуирање на пазарот претставува една од главните одлики на современите економии кое овозможува креирање на нови, иновативни механизми во производството и испораката на јавни услуги. Еден од крајните клучни резултати би бил создавање на пазарно, претприемачки ориентирана јавна организација која во многу аспекти на организацискиот развој би функционирала слично на организациите од приватниот сектор. Како резултат од воведувањето на пазарните механизми, конкуренцијата би го подобрила квалитетот на производството и испораката на јавните услуги. Притоа, би се постигнал и многу значаен ефект односно разбивање на монополските позиции на јавните организации во многу аспекти од општествениот живот т.е. образование, култура, спорт и сл. Заклучоците од анализата на резултатите од истражувањето се од големо значење за менаџерите во јавните организации. Оваа современа филозофија на размислување ја редефинира улогата на јавниот сектор кон создавање на иновативноориентирани јавни организации.
Keywords: иновативност, пазар, конкуренција, јавен сектор, јавни услуги

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Information and Communication Technologies
Faculty of Law
Depositing User: Mr Mladen Kradzoski
Date Deposited: 16 Aug 2019 08:55
Last Modified: 16 Aug 2019 08:55
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1912

Actions (login required)

View Item View Item