Синтаксата на насловите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик

Janusheva, Violeta (2019) Синтаксата на насловите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик. Journal of Contemporary Philology, 2 (1). pp. 59-79. ISSN 2545-4773

[thumbnail of Синтаксата на насловите во електронските медиуми во МСЈ.pdf] Text
Синтаксата на насловите во електронските медиуми во МСЈ.pdf

Download (731kB)

Abstract

Предмет на испитување се насловите на статиите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик, а целта е да се утврдат нивните синтаксички карактеристики. Анализата на собраните примери покажува дека насловите во македонскиот јазик имаат идентични синтаксички карактеристики со оние што се утврдени во одделни истражувања, но и сопствени специфики што се условени од синтаксичките конструкции на македонскиот јазик. Тука спаѓаат следните карактеристики на насловите: максимална кондензација на информацијата што доведува до синтаксичка двосмисленост на насловите во однос на нивната анализа како прости или сложени реченици; сведување на информацијата на една поразвиена синтагма што предизвикува тешкотии во определување на тоа дали е дејството извршено или не; можност за двојна интерпретација на глаголската придавка што го условува видот на реченицата во однос на залогот; асиндетонско и различни видови субординативно поврзување во сложени реченици што ја актуализира синтаксичката двосмисленост и придонесува за нивната преголема информативност.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Josif Petrovski
Date Deposited: 01 Jul 2019 04:36
Last Modified: 20 Apr 2023 05:26
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1872

Actions (login required)

View Item View Item