Аналитичкиот прирок во новинарскиот потстил на македонскиот стандарден јазик

Janusheva, Violeta (2018) Аналитичкиот прирок во новинарскиот потстил на македонскиот стандарден јазик. Mundo Eslavo, 17. pp. 90-106. ISSN 2255-517X

Full text not available from this repository.

Abstract

Предмет на истражување во овој труд е аналитичкиот прирок во македонскиот стандарден јазик. Целта
е да се покажат синсемантичните глаголи и именките што влегуваат во состав на аналитичкиот прирок и
најчестите модели на аналитички прирок во новинарскиот потстил, да се испита дали секој аналитички
прирок од семантичка гледна точка одговара на полнозначен глагол, како и да се укаже на улогата на
контекстот во однос на семантиката на информацијата предадена со аналитички прирок и со полнозначен
еквивалент. Истражувањето има квалитативна парадигма и дескриптивен дизајн. Примерокот го сочинуваат
ексцерпти од голем број електронски извори во РМ, публикувани во 2017 и 2018 г. Во истражувањето се
употребуваат анализа, синтеза и компарација. Истражувањето покажува дека во македонскиот јазик постојат
голем број синсемантични глаголи и именки што се јавуваат во улога на дел од аналитичкиот прирок, дека
во најголем број случаи постои соодветен полнозначен еквивалент на аналитичкиот прирок и дека најголем
број од полнозначните еквиваленти на аналитичкиот прирок ја имаат основата на именката што влегува во
нивниот состав. Истражувањето, исто така, покажува и дека за секој аналитички прирок не постои соодветен
полнозначен еквивалент и дека контекстот има голема и дистинктивна улога, односно во зависност од
контекстот, информацијата воведена со аналитичкиот прирок и со неговиот семантички еквивалент може да
се толкува на различен начин. Од истражувањето се согледува и дека, во некои случаи, аналитичкиот прирок
може да е фразеолошки израз, како и основа за создавање на неологизми.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Josif Petrovski
Date Deposited: 16 Jan 2019 01:55
Last Modified: 20 Apr 2023 05:26
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1585

Actions (login required)

View Item View Item