Janusheva, Violeta and Videvska, Hristina (2018) УПОТРЕБА НА ТОЧКАТА ВО ЗНАЦИТЕ ЗА ДИРЕКТНА РЕЧ ВО МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК/THE USE OF THE FULL STOP IN THE DIRECT SPEECH IN THE MACEDONIAN STANDARD LANGUAGE. Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања „Палимпсест“, 3 (7). pp. 81-89. ISSN 2545-3998
Full text not available from this repository.Abstract
Апстракт: Почитувањето и доследната примена на правописната норма во
секојдневната пишана практика влијае врз нејзиното чување, негување, култивирање
и врз нејзината афирмацијата, а тоа, пак, од своја страна, придонесува за чување и
унапредување на јазичниот идентитет. Оваа норма, од една страна, треба да биде
доволно флексибилна за да може да ги дообјаснува и прецизира веќе постојните
правописни правила со цел да се зголеми можноста за генерализација, но, од друга
страна, и доволно стабилна за да не ги менува веќе установените правописни правила
кои се во употреба подолго време.
Имајќи предвид дека е точката основен и најупотребуван правописен и
интерпункциски знак, како и дека во пишаната практика во однос на нејзината
употреба во знаците за директна реч се јавуваат различни решенија, целта на овој труд
е да испита дали се направени одредени промени во правилата што ја регулираат
употребата на точката во знаците за директна реч во двете изданија на Правописот
(1998 и 2017). Истражувањето има квалитативна парадигма и дескриптивен дизајн.
Примерокот го сочинуваат правилата за употреба на точката во знаците за директна
реч во двете изданија на Правописот, а пишаната практика ја претставуваат
електронски извори, публикувани во РМ во 2018. Од методите за обработка на
податоците и за донесување заклучоци се употребуваат анализа, синтеза и
компарација. Истражувањето покажува дека во однос на употребата на точката во
знаците за директна реч, меѓу двете изданија на Правописот, постои значајна и
суштинска разлика, како резултат на што се забележуваат евидентни разлики во
пишаната практика.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Josif Petrovski |
Date Deposited: | 27 Dec 2018 12:09 |
Last Modified: | 07 Jul 2023 09:51 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1584 |
Actions (login required)
View Item |