Janusheva, Violeta (2018) Кон дефинирањето на паронимите во македонскиот стандарден јазик. In: Минатото на јазичниот свет - денес и утре, 16.11.2017, Скопје.
Full text not available from this repository.Abstract
Иако се од исклучително значење за јазичната компетенција, паронимите во македонскиот стандарден јазик не се доволно испитувана појава. Во постојните извори се наведуваат едно исто објаснување за тоа што претставуваат паронимите и едни исти примери, од што не може да се добие јасна слика за природата на паронимите, а тоа, негативно се одразува врз нивната правилна употреба во целокупната јазична практика. Оттука, во трудот критички се преиспитуваат постојното објаснување и примерите и се покажуваат заклучоците што произлегуваат од нив. Во трудот, исто така, се укажува на поврзаноста на паронимијата со зборообразувањето и врз основа на степенот на паронимност, се предлага нова класификација на паронимите придружена со соодветни примери.
Истражувањето има квалитативна парадигма (анализа на содржина) и дескриптивен дизајн. Корпусот што се анализира го претставуваат објаснувањето за паронимите во постојните извори и примерите. Корпусот, пак, на пароними, што служи како илустрација на предложената класификација е ексцерпиран од Толковниот речник на македонскиот јазик (2003). Од методите за обработка на податоците и за изведување заклучоци се употребуваат анализа, компарација и синтеза.
Истражувањето покажува дека паронимите не претставуваат хомогена група зборови и дека врз основа на степенот на паронимност (значењето на зборовите), се изделуваат три групи пароними, и тоа: целосни, делумни и квазипароними. На тој начин, се надградува постојното објаснување за паронимите, се прецизираат примерите, а тоа, пак, придонесува за подобрување на јазичната компетенција на зборувачите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Josif Petrovski |
Date Deposited: | 15 Nov 2018 12:52 |
Last Modified: | 20 Apr 2023 05:25 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1473 |
Actions (login required)
View Item |