ИНДИКАТОРИ ШТО ВЛИЈААТ ВРЗ Е-ПОДГОТВЕНОСТА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Janeska, Margarita and Angeleski, Marjan and Sotiroski, Kosta (2007) ИНДИКАТОРИ ШТО ВЛИЈААТ ВРЗ Е-ПОДГОТВЕНОСТА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. In: Меѓународната конференција на тема “Бизнисот и глобализацијата”, 19-20.10.2007, Ohrid.

[thumbnail of Trud za EF Prilep 2007-indikatori.doc] Text
Trud za EF Prilep 2007-indikatori.doc

Download (103kB)

Abstract

Денес, честопати знаеме да кажеме дека живееме во нова ера, ера на информациско-комуникациско општество коешто се карактеризира со значително влијание на информациската и комуникациската технологија врз социо-економските, политичките и културните полиња. Информациско комуникациската технологија (ИКТ) стана нераскинлив дел од бизнис процесите, генерирајќи нови предизвици во глобалната економија, но и нови механизми за зголемување на продуктивноста и профитот кај бизнис ентитетите. Со тоа, ИКТ, на индиректен начин влијае врз зголемувањето на бруто домашниот производ на националните економии и дава поттик владите да бараат начини за стимулирање на овој сектор како еден од приоритетите во нивните програми.
Од овие причини, многу е важно за една држава да се знае колкав е нејзиниот капацитет за партиципирање во дигиталната економија и тоа не само заради статистички цели туку од аспект на споредливост со другите држави а во правец на преземање соодветни мерки за ИКТ експанзија со што би се подобрила бизнис климата и би се привлекле странски инвеститори.
Овој труд ќе се фокусира на определувањето на капацитетот една нација да партиципира во дигиталната економија од аспект на оценување на екстерните атрибути како еден од сегментите за мерење на културните, институционалните и човечките фактори на е-подготвеноста. Во трудот ќе биде направена квалитативна анализа на овие состојби во Република Македонија според методологијата на McConnell International.
Клучни зборови: е-бизнис, е-подготвеност, ИКТ

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Natural sciences > Computer and information sciences
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 23 Jun 2016 06:21
Last Modified: 23 Jun 2016 06:21
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/146

Actions (login required)

View Item View Item