Асиндетонските реченици низ функционалните стилови на македонскиот стандарден јазик

Janusheva, Violeta (2017) Асиндетонските реченици низ функционалните стилови на македонскиот стандарден јазик. Mundo Eslavo, 16. pp. 395-407. ISSN 1579-8372 / eISSN: 2255-517X

Full text not available from this repository.

Abstract

Востандардниот македонски јазик постојат сложени бесврзнички реченици, во кои поради отсуството на сврзник или сврзувачко средство меѓу дел-речениците, отсуствува информацијата за односот меѓу дел-речениците (координација или субординација), како и информацијата за типот на сложената реченица.Синтаксичката синонимија придонесува да се определи односот меѓу дел-речениците во сложената бесврзничка реченица (дел-речениците може да се постават во однос на координација и субординација), но, сепак, не може да се определи типот на сложената бесврзничка реченица, зашто присуството на одделни сврзници или сврзувачки средства укажува на различен тип сложена безврзничка реченица. Оттука, истражувањето има за цел, преку анализа на одделни бесврзнички реченици, да покаже дека синтаксичката синонимија има ограничувања на семантички план, односно дека сите реченици што може да се добијатсо синтаксичката синонимија не се прифатливи од гледна точка на стандардната норма на семантички план. Истражувањето има квалитативна парадигма (анализа на содржина) и дескриптивен дизајн. Примерокот го претставуваат три сложени бесврзнички реченици, што припаѓаат на три функционални стилови. Речениците се анализираат од гледна точка на нивната можност за спојување со различни сврзници или сврзувачки средства. Од методите уште се користат синтеза и компарација.Резултатите од истражувањето потврдуваат дека синтаксичката синонимија има ограничувања на семантички план кои се разликуваат во зависност од функционалниот стил на кој му припаѓа сложената бесврзничка реченица. Оттука, пак, произлегува и потребата, врз основа на односот меѓу дел-речениците, што ќе се констатира како најверојатен, асиндетонските реченици да се воведат како подгрупасложени реченици во постојните типови сложени реченици, на пример, независносложени составни асиндетонски реченици, независносложени спротивни асиндетонски реченици и сл.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Josif Petrovski
Date Deposited: 16 Jul 2018 13:25
Last Modified: 16 Jul 2018 13:25
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1220

Actions (login required)

View Item View Item