Janusheva, Violeta (2017) Правилната употреба на наводниците - услов за стабилноста на јазичната норма. Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања „Палимпсест“, 2 (3). pp. 15-28. ISSN 2545-3998
Full text not available from this repository.Abstract
Истражувањето се однесува на третиот развоен период од основното образование во РМ и има за цел: да го испита односот на Наставната програма по Македонски јазик кон употребата на знакот наводници; да ги анализира правописните содржини за наводниците во учебниците по Македонски јазик од гледна точка на нивната точност; да испита дали употребата на наводниците во учебниците по Македонски јазик, како и во учебниците по други предмети е правилна. Истражувањето има квалитативна парадигма (анализа на содржина) и дескриптивен дизајн. Примерок се учебниците по Македонски јазик и по други наставни предмети, Наставната програма и Правописот (1998 и 2015). Методите за обработка на податоците и донесување заклучоци се анализа, синтеза и компарација. Резултатите од истражувањето го покажуваат следново: мал број часови во Наставната програма за изучување на знакот наводници, мал број содржини за овој знак во учебниците по Македонски јазик, како и недостиг на објаснување за неговата употреба. Очекувано, наводниците, иако се однесуваат на мал број правописни правила, најмногу се употребуваат во учебниците по Македонски јазик, а помалку во учебниците по другите предмети. Покрај правилната употреба на овој знак, се забележуваат голем број недоследности, како и примери на погрешна употреба. Оттука, потребна е ревизија на постојната Наставна програма, како и на учебниците, зашто квалитетот на материјалот од кој учениците учат е предуслов за усвојување на правописната норма, а тоа, пак, влијае врз одржувањето на стабилноста на стандарднојазичната норма. Од истражувањето произлегува и потребата од дополнување на Правописот со нови правила за употребата на наводниците во согласност со потребите на секојдневната јазична практика.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Josif Petrovski |
Date Deposited: | 16 Jul 2018 13:24 |
Last Modified: | 16 Jul 2018 13:24 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1210 |
Actions (login required)
View Item |