Janusheva, Violeta (2015) Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик. Mundo Eslavo, 14. pp. 131-142. ISSN 2255-517X
Text
Лексичките иновации во прозата на Малески и нивниот статус во стандардниот македонски јазик.pdf Download (423kB) |
Abstract
Непосредно по кодификацијата на македонскиот јазик, во 1945 г., се појавија Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, кој го покажа високиот степен на стабилност на речникот на македонскиот јазик и на неговата стандардизација, но и многу автори кои, со својот јазичен израз, преку различни лекисчки иновации, го афирмираат македонскиот јазик како средство со кое се создаваат врвни уметнички дела. Јазикот на едно литературно дело не може да се разгледува изолирано од општествениот контекст во кој е пишувано делото, тој не може да се разгледува ниту одделно од општонародниот јазик, зашто во јазикот на уметничката литература се рефлектира целокупниот речнички фонд на еден јазик. Во трудот се анализираат одредени лексички единици присутни во романот „Разбој“ на македонскиот писател, В. Малески, кои во докторската дисертација на Паноска се определени како лексеми со кои се актуализира народната лексика и како зборообразувачки иновации, од гледна точка на нивниот статус во македонскиот стандарден јазик, денес, во однос на нивното значење и на нивната употреба и се потврдува дека тие го губат статусот што го имаат во тој период, а се покажува и дека лексиката како дел од јазичниот систем е постојано подложна на промени. Во трудот се наведени лексеми кои можат да се употребат како примери при обработка на поглавја од македонската лексикологија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Josif Petrovski |
Date Deposited: | 16 Jul 2018 13:22 |
Last Modified: | 20 Apr 2023 05:24 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1188 |
Actions (login required)
View Item |