Janusheva, Violeta and Talevski Dimitrija, Jove and Janusheva, Maja (2025) Објективноста во оценувањето на постигањата на учениците. PALIMPSEST: International Journal for Linguistics, Literary and Cultural Research, 20 (10). pp. 247-256. ISSN 2545-3998
Full text not available from this repository.Abstract
Оценувањето на постигањата на учениците е прашање што го
привлекува вниманието на сите вклучени во воспитно-образовниот процес, но и на пошироката јавност. Подобрувањето на објективноста во оценувањето е крајна
и суштинска цел на секој образовен систем и на секој наставник. Собирањето валидни информации за постигањата на учениците и нивното правилно толкување се сметаат за клучни фактори што влијаат врз објективноста во оценувањето, но и врз квалитетот на наставата воопшто. Несомнено, во центарот на овој процес, се наоѓа наставникот што со своите лични карактеристики, во голема мера, придонесува за унапредување на постигањата на учениците.
Во овој труд, истражувачкото прашање се поврзува со размислувањата што произлегуваат од теоретските сознанија, во однос на собирањето и толкувањето на информациите за постигањата на учениците, а целта е да се покаже релативниот
карактер на објективноста во оценувањето на тие постигања. Примерокот го сочинуваат голем број теориски извори што ја нагласуваат огромната улога на собирањето на податоците и на нивното правилно толкување во процесот на оценувањето, а во анализата на податоците се поаѓа од критичката анализа и од
интерпретативно-индуктивниот метод. Од критичката анализа на теоретските сознанија за значењето на овие два фактори, произлегува дека, всушност, објективноста е релативна и дека апсолутна објективност не може да се постигне зашто во оценувањето на постигањата на учениците, пред сѐ, се вклучени човечки суштества со сопствени размислувања, верувања и ставови.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences |
| Divisions: | Faculty of Education |
| Depositing User: | Prof. d-r Violeta Januseva |
| Date Deposited: | 26 Feb 2026 06:52 |
| Last Modified: | 26 Feb 2026 06:52 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11378 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
