Jovcheska, Tatjana and Kostadinovska-Stojchevska, Bisera (2026) Придобивки од дигиталната педагогија во наставата по англиски јазик како втор јазик: перцепција, примена и педагошки предизвици во училиштата во Р Северна Македонија. University "St. Kliment Ohridski" – Bitola (UKLO), North Macedonia. (Submitted)
|
Text
ПроектТатјанаЈовческа Лекториран.pdf Download (903kB) |
Abstract
Целта на овој докторски проект е да ги истражи предзнаењата на наставниците
и нивната практика поврзана со дигиталната педагогија во наставата по англиски јазик
како втор јазик. Исто така, овој проект ги разгледува придобивките од дигиталната
педагогија во контекст на наставата по англиски јазик како втор јазик во основните и
средните училишта на РС Македонија.
Во последно време, забележан е значителен пораст на употребата на
технологијата во наставата каде што нејзиното влијание последователно ги менува
образовните контексти. Поради тоа, потребно е да се разбере како наставниците по
англиски јазик како втор јазик ќе можат да ја преиспитаат својата педагошка практика
и да ја приспособат кон новата дигитална педагогија. Постојните рамки за примена на
дигиталната педагогија ги нагласуваат педагошките придобивки кои ги поддржуваат
активното учење, соработката меѓу учениците и мултимодалното учење, но
истражувањата на ова поле укажуваат дека наставниците не се доволно запознаени со
одреди модели на дигиталната педагогија, особено во наставата по англиски јазик како
втор јазик. Оттука, овој докторски проект, преку квантитативно истражување
спроведено на територијата на РС Македонија, ги препознава и прикажува сознанијата
на наставниците за поимот дигитална педагогија, за нивната намерна и/или ненамерна
примена на придобивките од неа, за моменталните предизвици со кои се соочуваат,
како и за можностите за учество на дополнителни обука за новите поими и
придобивките од нив. Резултатите покажуваат дека иако наставниците не се доволно
запознаени со новите променети педагошки поими и придобивките од нив, тие
покажуваат зголемен интерес за проширување на своето знаење, што би значело чекор
напред кон поставување иден педагошки модел кој ќе нуди ефективно, рефлексивно и
инклузивно образование по предметот Англиски јазик.
| Item Type: | Other |
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Education |
| Depositing User: | Josif Petrovski |
| Date Deposited: | 17 Feb 2026 09:20 |
| Last Modified: | 17 Feb 2026 09:20 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11365 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
