Stefanoska, Elena and Stavreva, Sevde (2026) АНАЛИЗА НА МЕХАНИЗМИТЕ НА ПРЕНОС НА ТОПЛИНА КАЈ МОНОКРИСТАЛЕН ФОТОВОЛТАИЧЕН МОДУЛ ПРИ ПРОМЕНА НА АГОЛОТ НА НАКЛОН. ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА (зимска сесија) на студентите на трет циклус студии за презентација на докторски проекти. Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.
|
Text
Докторски проект 1 Елена Стефаноска ТФБ.pdf - Other Download (1MB) |
Abstract
Овој докторски проект претставува термодинамичка анализа на монокристален едностран фотоволтаичен модул при различни агли на наклон, каде главниот фокус е ставен на заемното дејство на механизмите на пренос на топлина – кондукција, конвекција и зрачење. Реални метеоролошки податоци за Битола, Северна Македонија, добиени од база на податоци за типична метеоролошка година (Typical Meteorological Year – TMY), се комбинирани со физички заснован термодинамички модел на фотоволтаичниот модул, имплементиран во програмскиот јазик Python.
Симулациите се изведени за агли на наклон во опсег од 20° до 34° и ориентација по азимут од 180° (југ). Сончевото зрачење на наклонетиот модул е пресметано со примена на моделот Hay-Davies, при што се земени во предвид директната, дифузната и рефлектираната компонента на зрачењето. Преносот на топлина е моделиран со пристапот на Armstrong-Hurley, кој ги опфаќа и присилната и природната конвекција, додека загубите на топлина поради зрачење се определени со примена на фактори на видливост кон небото и кон подлогата (земјата). Процесот на кондукција низ слоевите на модулот исто така е земен во предвид во анализата.
Резултатите покажуваат дека аголот на наклон има значително влијание врз температурата на површината на модулот, процесот на дисипација на топлина и ефикасноста на модулот. Докторскиот проект обезбедува применлив пристап за избор на оптимална ориентација на фотоволтаичните модули со цел подобрено управување со топлината, што придонесува кон зголемено енергетско производство и оптимални перформанси на системот при реални работни услови.
| Item Type: | Other |
|---|---|
| Uncontrolled Keywords: | фотоволтаичен модул, сончева енергија, пренос на топлина, агол на наклон, ефикасност |
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Engineering and Technology > Mechanical engineering |
| Divisions: | Faculty of Technical Sciences |
| Depositing User: | Prof. d-r. Sevde Stavreva |
| Date Deposited: | 11 Feb 2026 12:29 |
| Last Modified: | 11 Feb 2026 12:29 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11350 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
