Neshkoska, Eva and Janusheva, Violeta (2025) Над дното: Прагматичката функција на иронијaта во „Дупло дно“ на Горан Стефановски Above the Bottom: The Pragmatic Function of Irony in “Double Bottom” of Goran Stefanovski. Mundo Eslavo, 24. pp. 82-94. ISSN 2255-517X
Full text not available from this repository.Abstract
Преку иронијата, се портретираат сложени општествени, политички и лични категории. Иронијата
поттикнува конфликт, ја истакнува неусогласеноста на општествените структури, додава поттекст на развојот
на ликовите и влијае врз перцепцијата на публиката. Оттука, таа не е само говорен чин преку кој авторот
изразува одредена намера туку и начин на комуникација со публиката. Целта на овој труд е да ја покаже
функцијата на иронијата во „Дупло дно“ од Горан Стефановски и да предложи примена на теориите од
прагматиката за анализа на книжевен текст. Истражувањето дава одговор на прашањата: Како Стефановски
комуницира со публиката? и На кој начин иронијата ги открива намерите на говорителот. Примерокот го
претставува драмскиот текст „Дупло дно“ првенствено затоа што во него, има многу иронични искази
со различни функции, а анализата се потпира на квалитативната анализа на содржината, во чија основа
е кодирањето, на анализата на диксурсот и на интерпретативно-индуктивниот метод. Резултатите од
истражувањето покажуваат дека функцијата на иронијата во делото на Горан Стефановски е да исмејува, да
провоцира реакција, да изразува став или да коментира ситуација, да прикаже преправање и да критикува, а
мултидисциплинарниот пристап при анализа на книжевен текст се докажува како продуктивен.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature |
| Divisions: | Faculty of Education |
| Depositing User: | Prof. d-r Violeta Januseva |
| Date Deposited: | 31 Dec 2025 15:52 |
| Last Modified: | 31 Dec 2025 15:52 |
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11307 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |
