Родовата застапеност во одборите на директори и профитабилноста на компаниите за неживотно осигурување во Р. С. Македонија

Vincenzi Markulevska, Cvetlana (2025) Родовата застапеност во одборите на директори и профитабилноста на компаниите за неживотно осигурување во Р. С. Македонија. Masters thesis, Faculty of Tourism and Hospitality.

[thumbnail of magisterskacvetlana2025v2-Лекториран.pdf] Text
magisterskacvetlana2025v2-Лекториран.pdf

Download (1MB)

Abstract

Оваа студија го испитува влијанието на родовата разновидност на одбори на директори врз перформансите на осигурителните компании во Македонија, со посебен фокус на профитабилноста и преземањето ризици. Мотивирано од различните емпириски наоди во постојната литература и недостигот на специфични и регионални студии, истражувањето се обидува да пополни значаен јаз во литературата - дали присуството на жени во одборите влијае врз резултатите на компаниите во осигурителниот сектор. Користејќи панел-податоци од годишните извештаи објавени од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување за периодот 2015-2022, студијата користи техники на панел-регресија за да се анализира односот помеѓу родовата застапеност во одборите и индикаторите за профитабилност. Дополнително, се истражува ефектот на структурата на системите на одборите врз врската помеѓу родовата застапеност и профитабилноста. Главните резултати укажуваат дека родовата застапеност во управните одбори нема статистички значајно директно влијание врз профитабилноста на осигурителните компании, додека големината и капитализираноста позитивно корелираат со ROA, а специјализацијата на портфолиото се поврзува со повисоки финансиски резултати. Истовремено, зголеменото учество на жени е значајно поврзано со пониска оперативна ефикасност преку повисоки коефициенти на штети, што укажува на поумерени стратегии на селектирање ризик и обработка на штети. Овие наоди ги потврдуваат комплексноста и контекстуалната условеност на врската помеѓу родовиот состав на управните одбори и деловните резултати во македонскиот осигурителен сектор. Ова истражување нуди три клучни придонеси: ова е една од ретките студии фокусирани на родовата разновидност на одборите во осигурителната индустрија, прво емпириско истражување на оваа тема во Македонија и нова студија во литературата за родовата разновидност, управувањето и перформансите на компаниите на пазарите во развој.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Ftu Eprints
Date Deposited: 20 Jan 2026 07:34
Last Modified: 20 Jan 2026 07:34
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11249

Actions (login required)

View Item View Item