„Шчо напраифме и шчо требите да праиме за однапред“ (Отстапувања од стандарднојазичната норма во електронските медиуми во РСМ)

Janusheva, Violeta and Stojanoska, Marija and Jonchikj, Elizabeta (2025) „Шчо напраифме и шчо требите да праиме за однапред“ (Отстапувања од стандарднојазичната норма во електронските медиуми во РСМ). In: Зборник на трудови од IX меѓународна конференција Македонскиот јазик - извор на научн истражувања. 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков и 80 години од кодификацијата на современиот македонски јазик, 16 - 17 октомври 2024, Скопје, Институт за македонски јазик „К. Мисирков“.

Full text not available from this repository.

Abstract

По долги години борба за сопствен јазик, во 1944 г. на Првото заседание на АСНОМ конечно се кодифицираат македонскиот јазик, азбуката и правописот. Оттогаш, со залагање на голем број лингвисти, македонскиот јазик постојано с еразвива за денес тој да претставува стабилизирана наддијалектна форма за сите припадници на општествената заедница. Бидејќи ги обединува сите припадници на анцијата, тој мора да биде постојано стабилен, а тоа може да се постигне преку доследно почитување на стандарднојазичната норма во говорната и пишаната форма. Целта на ова истражување е да ја испита употребата на стандарднојазичната норма во насловите од електронските медиуми во РСМ, во однос на интерпункциските и правописните знаци имајќи предвид дека насловите се кратки текстови во кои, вообичаено, не се употребуваат какви било знаци. Примерокот го претставуваат 50 случајно избрани наслови од електронски медиуми во РСМ, а за анализа на податоците се употребува општиот квалитативен интерпретативен/индуктивен метод. Резултатите покажуваат бројни отстапувања од стандарднојазичната норма што се забележуваат во сите текстови од новинарскиот потстил кои влијаат врз усвојувањето на погрешни модели што понатаму се пренесуваат меѓу зборувачите и се усвојуваат како правилни, а се јавува и потеба за дообјаснување и прецизирање на некои од постојните правила.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r Violeta Januseva
Date Deposited: 18 Nov 2025 09:20
Last Modified: 18 Nov 2025 09:20
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11204

Actions (login required)

View Item View Item