Нешковиќ, Марија ТЕНДЕНЦИИ НА РАЗВОЈ НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН НА МАКЕДОНИЈА. In: Годишна конференција на студентите на трет циклус - летна сесија, 27.09.2025, Битола.
![]() |
Text
Докторски Проект - Марија Нешковиќ- Годишна конференција на студентите на трет циклус2025 - летна сесија.pdf Download (1MB) |
Abstract
Руралниот туризам има големо значење во одржливиот развој на туризмот, бидејќи
прво може да придонесе за социјалната и културната регенерација на локалните заедници,
потоа позитивно да влијае на локалната економија, а на крајот и да придонесе за
подобрување на националната економија. Истражувањето има цел да ги идентификува
главните тенденции и предизвици во развојот на руралниот туризам во Североисточниот
плански регион на Македонија. Преку анализа на статистички податоци и релевантна
литература, истражувањето ја истражува улогата на диверзификацијата на понудата,
автентичните искуства, одржливоста и вклучувањето на локалната заедница во развојот на
овој вид туризам. Наодите укажуваат на недоволно искористен туристички потенцијал во
регионот, ограничен од инфраструктурни пречки, недоволна промоција и недостиг на
сместувачки капацитети. Оттука, постои потреба од систематска поддршка од локалните и
државните институции, засилена маркетинг стратегија и поголеми инвестиции за обнова и
подобрување на инфраструктурата, а воедно донесување на стратегии за искористување на
протенцијалот и предностите на регионот.
Клучни зборови: рурален туризам, Североисточeн регион, Македонија.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
Depositing User: | Ftu Eprints |
Date Deposited: | 03 Oct 2025 11:47 |
Last Modified: | 03 Oct 2025 11:47 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11128 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |