Талеска, Моника КУЛТУРНИТЕ НАСТАНИ ВО ФУНКЦИЈА НА ПРОМОЦИЈА НА ПРИЛЕП КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА. In: Годишна конференција на студентите на трет циклус - летна сесија, 27.09.2025, Битола.
![]() |
Text
ДОКТОРСКИ ПРОЕКТ -МОНИКА ТАЛЕСКА -Годишна конференција на студентите на трет циклус 2025 - летна сесија.pdf Download (912kB) |
Abstract
Културните настани на глобално ниво се сметаат за значајна алатка во
туристичката промоција, бидејќи придонесуваат за зголемување на посетеноста,
градење на бренд-идентитет и создавање препознатливост на дестинациите. Во тој
контекст, Прилеп со своето богато културно наследство и традиционални манифестации
претставува специфичен пример за анализа.
Главното истражувачко прашање се однесува на тоа дали културните настани
можат да се сметаат за клучен фактор за туристичка промоција на Прилеп и за негово
позиционирање како „град на фестивали“. Хипотезата е дека масовните и
традиционалните манифестации соодветно придонесуваат кон туристичкиот имиџ на
градот, но дека нивната промоција бара современ пристап и интегрирани стратегии.
Истражувањето е спроведено со комбиниран методолошки пристап кој вклучува
анкета со домашни туристи, SWOT анализа, дескриптивна, компаративна анализа и
синтеза и деск истражување на промотивните активности на вкупно дванаесет културни
настани, меѓу нив најзначајните: Пивофест, МТФ „Војдан Чернодрински“ и Карневал
„Прочка“.
Резултатите покажуваат дека најголема посетеност имаат традиционалните и
масовни манифестации, кои истовремено имаат и највидлива промоција. Сепак, таа се
базира главно на традиционални медиуми и институционални канали, додека
недостасува современ дигитален маркетинг, инфлуенсерски ангажман и соработка со
туристички агенции.
Заклучокот е дека културните настани имаат значајна улога во туристичката
промоција на Прилеп и се основа за негово понатамошно позиционирање како
туристичка дестинација. Импликациите се насочени кон развивање интегрирана
стратегија за унапредување на брендот на градот, а препораките опфаќаат проширување
на промотивниот микс и поттикнување одржлив локален развој.
Клучни зборови: културни настани; туристичка промоција; брендирање на дестинација;
одржлив развој; Прилеп
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Hospitality |
Depositing User: | Ftu Eprints |
Date Deposited: | 03 Oct 2025 11:47 |
Last Modified: | 03 Oct 2025 11:47 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11126 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |