Костадинов, Дарко (2024) Антитерористички активности во Република Северна Македонија (МАГИСТЕРСКИ ТРУД). /.
![]() |
Text
Darko-Kostadinov-mr-trud.pdf Download (1MB) |
Abstract
Подолу имплементираното истражување на магистерскиот труд се посветува кон
целосно одредување на проблематиката со современиот тероризам како и
проблемите кои ги иницира на патот кон одржување, заштита и имплементација
на глобална безбедност на меѓународно ниво. Во самиот труд, покрај поимното
одредување на значајноста на глобалната безбедност, како и проблематиката на
современиот туризам и туристичко дејствување, посебно внимание се свртува кон
имплементираните меѓународни акти и стратегии во обидот да се зачува и
заштити безбедноста на глобално ниво.
Според тоа, критички се анализирани академските и административните како и
практичните алтернативни анти-терористички мерки, осветлувајќи ги
длабинските димензии на политичките, економските и глобалните аспекти на
тероризмот, кое претставува огромен предизвик за политиката и науката
воедно, бидејќи тероризмот како светска закана за глобалната безбедност во
практиката не е сеуште сфатен целосно поради своите различни цели на водење
на политиката од страна на поголемите сили, како и улогата на наднационалните
глобални организации во спроведување на оваа политика.
Непостоењето на општествена анализа на глобално ниво за значајноста,
факторите на зачувување на глобалната безбедност од терористичко
дејствување, не е случаен пропустот на поединечните држави да го гледаат
тероризмот како современа, комплексна закана на глобалната безбедност, кое ја
одложува веројатноста за успешно антитерористичко делување на глобално ниво.
Токму поради сложеноста на оваа проблематика, подолу имплементираното
емпириско истражување на магистерскиот труд, целосно ќе се насочи кон
прикажување на терористичкоот современо дејствување како една од
најсериозните закани за глобалната безбедност на денешното современо,
демократски развиено општество. Со тоа, меѓународниот систем на безбедност
се поставува пред огромен предизвик – да најде ефективен начин да ја зачува
интегралната безбедност на населението, и да ги заштити граѓаните од се
потешко контролираниот терор имплементиран од ваквите организации.
Клучни зборови: безбедност, глобализација, тероризам, меѓународни
документации, правни акти, антитерористичко дејствување, стратегии, НАТО,
ЕУ, терористички организации, терор
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Political science Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Security |
Depositing User: | Ms. Olivera Trajanova |
Date Deposited: | 02 Sep 2025 11:09 |
Last Modified: | 02 Sep 2025 11:09 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11042 |
Actions (login required)
![]() |
View Item |