Вреднување на постигнувањата во високото образование

Kevereski, Ljupco and Janusheva, Violeta and Talevski Dimitrija, Jove and Stojanovska, Vesna and Mitrevski, Viktor and Petrovski, Josif (2021) Вреднување на постигнувањата во високото образование. Faculty of Education - Bitola. (Submitted)

[thumbnail of PFBT-Proekt-vrednuvanje-na-znaenjeto.pdf] Text
PFBT-Proekt-vrednuvanje-na-znaenjeto.pdf - Published Version

Download (2MB)

Abstract

Во денешниот променлив свет, кој сè повеќе ја зголемува неизвесноста,
високообразовните институции треба да се трудат да обезбедат поволни одговори на
различните социјални потреби. Тековните технолошки и социјални промени во
општеството се главните предизвици за образовните системи ширум светот. Како што
истакнува Биргенау (Birgeneau, 2005), високообразовните институции имаат за цел да
ги подготват новите генерации со вештини, културна и научна писменост,
флексибилност и капацитет за критичко истражување и морален избор, неопходни за
да дадат свој придонес кон општеството. За да се постигне тоа, високообразовните
институции мора постојано да иновираат и да останат релевантни и оригинални со
имплементирање на нови технологии и користење на релевантни бази на знаење.
Веројатно, највредните ресурси на секој универзитет се стручноста, експертизата,
знаењето на неговиот кадар или неговиот интелектуален капитал. Затоа, ако
високообразовните институции ефикасно ги мерат, вреднуваат и управуваат
(менаџираат) овие вредни ресурси, тие ќе можат поефикасно да креираат и
распоредат стратегии за да ја постигнат својата цел, а тоа е да бидат клуч за
националниот развој. Заради сопствениот одржлив развој, неизбежно е
високообразовните институции да станат лидери во промовирањето на менаџментот
со знаење на институционално и индивидуално ниво.
Поаѓајки од сите овие причини, Педагошкиот факултет - Битола како
високообразовна институција којашто во своите рамки на работа треба да произведува
знаења, а истовремено обезбедува професионално образование и обука за
наставници се обиде да придонесе кон дебатата за разбирањето, вреднувањето и
управувањето на знаењето во високообразовните институции преку истражувачки
проект што го спроведе во јавни и приватни, високоообразовни институции во
Преспанско-пелагонискиот регион во Република Северна Македонија, насочен кон
утврдување на ставовите на учесниците во високообразовните институции за
вреднувањето на знаењето и посветеноста на високообразовните институции кон
истото, неговото креирање, пренесување и натамошна примена. Истражувачкиот
проект имаше за цел, теоретски и практично да обработи еден од поголемите
проблеми со коишто се соочуваат студентите и вработените (професори/ наставници)
во високото образование, а тоа е вреднувањето на знаење. Исто така се обиде да
покаже дали различните приоди на вреднување и оценување на знаењето можат да
предизвикаат дискриминација помеѓу единките.
Самиот истражувачки извештај е поделен на три дела. Првиот дел започнува со
теоретски контекст за значењето на квалитетот на знаењето и знаењето како невидлив
имот на високообразовните институции или општо познат како интелектуален капитал,
а продолжува со опишување на посветеноста и менаџментот на знаење и
вреднувањето и оценувањето на знаењето на учениците кое всушност претставува
појдовна основа за понатамошни достигања и напредок на индивидуите.
Во вториот дел, извештајот го опишува генералниот истражувачки дизајн избран за
ова истражување, истражувачките постапки и инструменти кои се користат во
истражувањето, примерокот на испитаници и статистичката обработка на податоци. Во
посебни поглавја се ставени интерпретацијата и дискусијата на резултатите, квалитативните и квантитативни постапки користени за проучување на истражуваната
појава.
Извештајот завршува со заклучоците извлечени од истражувањето во однос на
квалитетот, управувањето и вреднувањето на знаењата во високообразовните
институции.
Во изведбата на истражувачкиот проект, теренската реализација и подготвувањето
на истражувачките извештаи беа вклучени професори и студенти од Педагошкиот
факултет – Битола. На сите нив, им благодариме што на различни начини ни помогнаа
во неговото подготвување.
На крајот, авторите на овој истражувачки проект повикуваат на повеќе
истражувања во оваа област, кои би можеле да се фокусираат на активности и
вештини потребни за менаџирање со знаењето на универзитетите на успешен начин,
како и на неговото мерење што понатаму може да се користи за управувачки цели на
различни нивоа.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r Vesna Stojanovska
Date Deposited: 05 Sep 2025 11:13
Last Modified: 05 Sep 2025 11:13
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/11020

Actions (login required)

View Item View Item