МОДЕЛ ЗА ПРИМЕНА НА SCRUM РАМКА ВО МАШИНСКАТА ИНДУСТРИЈА НА ОСНОВА НА ИСКУСТВОТО ОД ИТ ИНДУСТРИЈАТА

Avramovska, Milica (2025) МОДЕЛ ЗА ПРИМЕНА НА SCRUM РАМКА ВО МАШИНСКАТА ИНДУСТРИЈА НА ОСНОВА НА ИСКУСТВОТО ОД ИТ ИНДУСТРИЈАТА. Doctoral thesis, Tehnicki fakultet - Bitola.

[thumbnail of Milica_Avramovska_doktorat.pdf] Text
Milica_Avramovska_doktorat.pdf

Download (3MB)

Abstract

Традиционалниот менаџмент е истакнат и доминантен начин на кој вработените се имаат навикнато да работат, особено во компаниите од машинската индустрија. Секој период носи свои предизвици и начини на работа и тие се разликуваат во секоја индустрија, што е евидентно со анализата на машинската индустрија, како постара, и на ИТ-индустријата, како понова индустрија. Сепак, секогаш и во сите индустрии условот за успех е комуникацијата меѓу луѓето и нивното задоволство. Секоја работа, производствена и услужна, и во денешно време, кога дигитализацијата достигна високо ниво, се врши од луѓе. Иако присуството на машините е зголемено, сепак, со нив управува човек. Значи, постои соработка помеѓу машината и човекот, па поради тоа многу е важно на кој начин тие работат и колку е човекот мотивиран во својата работа за да може успешно да го заврши својот дел. Денес, сѐ повеќе луѓето се третираат како роботи, но реалноста е сосема различна, и тоа заслужува истражување.
Организацијата на работата во производствените компаниите зазема многу важно место при изработката на одреден производ. Во таа организација софтверските решенија, кои, главно, доаѓаат од ИТ-индустријата, сѐ повеќе се користат во машинската индустрија, а со тоа се зголемува и соработката помеѓу двете индустрии. Поради тоа, по примерот на ИТ индустријата, која ги користи агилните методологии во своето секојдневно работење, целта на докторската дисертација е да ги истражи можностите за нивната примена и да постави модел за нивна успешна примена во машинската индустрија. Во таа насока, спроведени се повеќе истражувања во домашни и во странски компании од машинската и од ИТ-индустријата, со кои се потврди можноста и потребата од примена на нови принципи на организација во компаниите од машинската индустрија, по примерот на ИТ-индустријата. Во оваа докторска дисертација е презентиран модел за примена на Scrum рамката, со која може да се воведе нов начин на организација на работата во компанија од машинската индустрија. Ваквата реорганизација на работата повлекува употреба на современи софтверски алатки за организација на работните задачи, со што се обезбедува детално следење на производствениот процес и на продуктивноста и задоволството на вработените, а тие софтверски алатки се анализирани и презентирани во докторската дисертација, и се применети во конкретна компанија од машинската индустрија. Овој начин на организација на работата ѝ обезбедува доминантно место на одредена компанијата на конкурентскиот пазар, ѝ го подобрува квалитетот на производите, го зголемува нејзиниот профит, но и го подобрува задоволството на вработените, што се потврди и во компанијата од машинската индустрија во која се тестираше поставениот модел во докторската дисертација, што укажува на веродостојноста на моделот.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Technical Sciences
Depositing User: Prof. d-r Elizabeta Hristovska
Date Deposited: 28 Jul 2025 09:50
Last Modified: 28 Jul 2025 09:50
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10969

Actions (login required)

View Item View Item