Движења и трендови во производството на ориенталски тутун во Македонија

Pashovska, Silvana Движења и трендови во производството на ориенталски тутун во Македонија. Списание на трудови – Друштво за наука и уметност – Прилеп. ISSN 0352 - 3497

[thumbnail of Списание на трудови ДНУ 2024 (Пашовска-Попоски).docx] Text
Списание на трудови ДНУ 2024 (Пашовска-Попоски).docx

Download (46kB)

Abstract

Македонија е земја во која традиционално се одгледуваат добри ориенталски тутуни, покрај познатите реони во Турција, Измир и областа Мраморно Море, каде постојат еколошки услови за производтсво на квалитетни ориенталски тутуни. Всушност, нашата држава и во регионални и во светски рамки, на светските берзи и пазари, важи за производител на висококвалитетен ароматичен ориенталски тутун.
По брзата структурална промена во потрошувачката на цигари со прифаќањњето на америчкиот бленд, 90% од производството на тутун во Македонија е ориентирано кон надворешниот пазар. Основната формула на америчкиот бленд на цигари базира врз формулата на цигарната компанија R. J. Reynolds, прв пат воведена во 1913 година, со процентуално учество на мешавините: 50% "Светла Вирџинија", 25% "Берлеј", 20% ориенталски тутуни и 5% останати типови на тутун. Денес, оваа формула е гравитациона точка околу која се прават тутунските мешавини за производство на америчкиот бленд на цигари, во зависност од пушачкиот вкус на потрошувачите од различни земји во светот.
Во тој однос, тутуните во Р.С.Македонија според искажувањата на производителите, преработувачите и цигарните компании, не се второквалитетни, туку напротив, независни и уникатни по квалитет и арома. Во периодот на транзицијата, после осамостојувањето на Македонија, производството на ориенталски тутуни доста осцилира во однос на претходниот период, за потоа да премине во постабилно производство по количина. За стабилизирањето на производството придонесе воведувањето на стимулациите во 2005 година. После овој период производството просечно се движи од 25.000 – 30.000 тони тутун и се приближува кон производството од предтранзициониот период.
Во периодот 1991 – 2005 година во производството на ориенталски тутуни кај нас беа присутни повеќе ориенталски сорти на тутун од сортата "Прилеп". После овој период состојбата се менува, така што денес водечка е сортата "П – 66", со која се стабилизира производството и значително се подобрува квалитетот. Карактеристиката на релативна стабилност на тутунопроизводството, укажува дека можностите за замена на тутунот со други, алтернативни култури се маргинални и безперспективни. Сиромашните и суви почви се најпогодни за тутунската култура од повеќе аспекти: социјални, економски и доходовно најиздашни во однос на било која друга култура. Повремените осцилации во тутунопроизводството зависат од временските услови кои влијаат врз нивниот квалитет и квантитет.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Scientific Tobacco Institute
Depositing User: Prof. d-r. Silvana Pasoska
Date Deposited: 05 Jun 2026 07:48
Last Modified: 05 Jun 2026 07:48
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10892

Actions (login required)

View Item View Item