Shalevska, Elena and Janusheva, Violeta and Kostadinovska-Stojchevska, Bisera (2024) НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: ОВА СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧКИОТ ЈАЗИК ВО НАСЛОВИТЕ НА НОВИНАРСКИТЕ СТАТИИ. In: Меѓународна конференција „Македонскиот јазик - извор на научни истражувања“, 16. - 17.10.2024, Skopje.
Full text not available from this repository.Abstract
Имајќи го предвид различниот и богат информациски пејзаж, да се задржи
вниманието на читателот на одредена новинарска статија претставува вистински предизвик. За да
создадат наслови што ќе ја надминат медиумската едноличност, новинарите постојано бараат
актуелни јазични средства, па во таа потрага, тие често употребуваат сензационалистички јазик за
да влијаат на читателите, првенствено, на нивните емоции.
Оттука, ова истражување ги испитува карактеристиките на сензационалистичкиот јазик во
насловите на новинарските статии со цел да се согледа начинот на кој новинарите се обидуваат да
го привлечат вниманието на читателите. Примерокот го претставува корпус од наслови во
електронските медиуми во Република Северна Македонија во кои се употребува
сензационалистички јазик, а анализата се темели на квалитативната анализа на содржината и на
индуктивно-интерпретативниот метод.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека сензационалистичкиот јазик во насловите,
меѓу другото, вклучува прашања, заповеден начин, лексика со емотивна обоеност, честа употреба
на честичката еве и сл. Во исто време, резултатите укажуваат дека, според особеностите,
сензационалистичкиот јазик во насловите на новинарските статии во РСМ не отстапува од
таквиот јазик забележан во англискиот новинарски дискурс.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Violeta Januseva |
Date Deposited: | 17 Oct 2024 14:17 |
Last Modified: | 26 Oct 2024 17:57 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10372 |
Actions (login required)
View Item |