Stojanoska, Marija and Janusheva, Violeta (2024) РОДОВО ЧУВСТВИТЕЛЕН ЈАЗИК – ЗАМЕНСКИТЕ И ГЛАГОЛСКИТЕ ФОРМИ ВО УЧЕБНИЦИТЕ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО РСМ. In: Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик - извор на научни истражувања“, 16. - 17.10.2024, Skopje.
Full text not available from this repository.Abstract
Во светски рамки, сѐ повеќе се засилува расправата за родово чувствителниот
јазик (РЧЈ) во сите сфери на општественото живеење со цел да се намалат родовите стереотипи и
да се зголеми родовата еднаквост меѓу жените и мажите. Во таа смисла, образованието и
учебниците имаат голема улога во зголемување на свеста на учениците и во градење на нивните
погледи за родовите прашања. Од особена важност е поимот родова еднаквост да биде вклучен во
соодветни родово чувствителни учебници со кои се надминуваат родовата дискриминација и
традиционалната поделба на родовите улоги.
Оттука, во овој труд, истражувачкото прашање се однесува на заменските и глаголските
форми (глаголска л-форма во трето лице еднина во МНВ), што се употребуваат во учебниците по
македонски јазик со цел да се согледа нивната улога во зголемување на видливоста на жената во
општеството. Примерокот е целен и го претставуваат два учебници за основно образование по
македонски јазик за шесто и седмо одделение, а анализата се заснова на кодирањето и на
квалитативниот интерпретативно-индуктивен метод. Податоците се кодираат организациски
(секој податок претставува еден код), а кодовите се сортираат за натамошна анализа.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека, во однос на употребата на заменските и
глаголските форми, овие учебници не се разликуваат од други учебници на светско ниво, односно
дека во нив, преовладуваат форми во генерички машки род. Ова упатува на заклучокот дека се
потребни поголеми напори за изработување родово чувствителни учебници кои, несомнено,
придонесуваат за развивање на свеста за родовите проблеми, воопшто.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Education |
Depositing User: | Prof. d-r Violeta Januseva |
Date Deposited: | 17 Oct 2024 14:17 |
Last Modified: | 25 Oct 2024 15:42 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10371 |
Actions (login required)
View Item |