Ibishi, Bardha „ИСПИТУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИТЕ ПАРАМЕТРИ И БИОАКТИВНИТЕ МАТЕРИИ КАЈ ПРОПОЛИСОТ И МОЖНОСТА ЗА УПОТРЕБА ВО БРОЈЛЕРСКОТО ПРОИЗВОДСТВО“. University "St. Kliment Ohridski" - Bitola. (In Press)
Text
Докторски проект Бардха Ибиши -ФБН 2024.pdf - Other Download (594kB) |
Abstract
Прополисот, смолеста супстанција произведена од пчелите, покажува значителна варијабилност во својот состав, зависна од ботаничките извори, географската положба и климатските услови. Целта на ова истражување беше да се испитаат физичко-хемиските параметри и биоактивните материи на прополисот, со акцент на вкупната содржина на феноли и антиоксидантната активност. Примероците беа собрани од различни региони во Македонија (Полошки, Пелагониски и Источен регион) во периодот 2023-2024 година.
Етанолските екстракти од прополис беа подготвени според стандардизирани протоколи, при што се испитуваше зависноста меѓу концентрацијата на растворувачот и растворливоста на екстрактите. Физичките карактеристики, како pH, електроспроводливост, растворливост и точка на топење, исто така беа анализирани. Вкупната содржина на феноли беше определена спектрофотометриски со методот на Folin-Ciocalteu, а антиоксидантната активност со методата на DPPH, на инструментот UV-Vis Shimadzu 1800.
Резултатите покажаа значителни регионални варијации, со содржина на феноли од 53 до 260 GAE mg/g и антиоксидантна активност од 12,9% до 47,77%, со статистички значајни разлики (p < 0,05). Добиените резултати ја истакнуваат важноста на географското потекло, ботаничките извори и методите на екстракција врз биоактивните својства на прополисот, нагласувајќи ја потребата од стандардизација на методите за екстракција со цел оптимизирање на здравствениот потенцијал на прополисот. Ова истражување претставува основа за понатамошно испитување на ефектите од суров прополис во различни концентрации како додаток во исхраната на бројлери, особено во органското производство. Дополнително, резултатите укажуваат на потенцијалот на прополисот како функционален додаток во исхраната, кој може да придонесе за подобрување на имунолошкиот статус и здравјето на животните.
Клучни зборови: Прополис, вкупни феноли, антиоксидантна активност, методи на екстракција, бројлерско производство.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Biotechnical Sciences |
Depositing User: | prof. d-r Vesna Karapetkovska - Hristova |
Date Deposited: | 14 Nov 2024 21:56 |
Last Modified: | 14 Nov 2024 21:57 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10328 |
Actions (login required)
View Item |