ТУРИСТИЧКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН КАКО СВЕТСКОvПРИРОДНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ЗАШТИТЕНО ОД СТРАНА НА УНЕСКО

Nikoloska, Iva and Korunovski, Saso (2024) ТУРИСТИЧКА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН КАКО СВЕТСКОvПРИРОДНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ЗАШТИТЕНО ОД СТРАНА НА УНЕСКО. In: ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА (летна сесија) на студентите на трет циклус студии за презентација на докторски проекти, Bitola.

[thumbnail of Iva-Nikoloska.pdf] Text
Iva-Nikoloska.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Охридскиот Регион како светско културно и природно богатство е заштитен од УНЕСКО уште во 1979 година како природно и една година подоцна како културно наследство. Регионот располага со исклучителни универзални вредности (ИУВ) кои е потребно да се зачуваат со цел да се пренесат на идните генерации. Околу таквите исклучителни подрачја често се создава и бренд кој што туристичките работници го искористуваат за промоција на нивните производи. Брендот со себе носи бенифиции во туристичкиот сектор, но и цел сет на институционални обврски кои гарантираат зачувување на интегритетот и автентичноста како главни атрибути на ИУВ. Во овој труд е консултиран и сетот законски прописи во функција на заштита и управување со Регионот. Целта е да се истакне балансираниот пристап на управување со ваквите брендирани локации кој пристап ќе овозможи заштита од една и одржлив развој од друга страна. Потенцирана е и меѓуинституционалната соработка и соработката со советодавните тела на УНЕСКО, како и меѓудржавната соработка, заради фактот што дел од заштитеното подрачје, припаѓа и на територијата на соседна Република Албанија.
Преку туристичката валоризација на Охридскиот Регион и идентификација на атрибутите на ИУВ, разгледувајќи ги и од природен и од културен аспект преку компаративна анализа на број на посетители и ноќевања во Југозападен Регион (2013-2022), наспроти бројот на посетители и ноќевања на ниво на Р. Македонија (2013-2022), ја докажуваме хипотеза: Брендот- Светско културно и природно наследство на УНЕСКО на Охридскиот регион, влијае на туристичкиот промет.
Во заклучните согледувања се даваат и соодветни препораки

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 01 Oct 2024 13:32
Last Modified: 01 Oct 2024 13:32
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10275

Actions (login required)

View Item View Item