Ulogata na sociolingvistickite faktori vo turizmot

Blerina, Bitiki (2024) Ulogata na sociolingvistickite faktori vo turizmot. Doctoral thesis, Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid.

[thumbnail of thesis project] Slideshow (thesis project)
БЛЕРИНА БИТИЌИ - ДОКТОРСКИ ПРОЕКТ (1).docx - Draft Version
Restricted to Registered users only until 28 September 2026.

Download (137kB)

Abstract

Јазикот е главното средство за комуникација што поединците во едно општество го користат за да пренесат пораки до другиот. Тој е најважниот медиум за човечка комуникација, бидејќи преку него се пренесуваат информации, идеи, ставови, емоции, и слично.
Во процесот на глобализација, за да може припадниците на различни народи и култури да комуницираат помеѓу себе, од особена важност е познавањето на странските јазици. Познавањето на странските јазици е особено важно во деловниот свет, а неопходно во областа на туризмот и угостителството.
Вработените во секторот на туризам треба задолжително да го познаваат англискиот јазик кој веќе се смета за универзален, најраспространет и општоприфатен јазик во современиот свет, но покрај него треба да знаат уште барем 2 други странски јазици за да може успешно да ја извршуваат својата работа.
Познавањето на странски јазици е важен критериум во процесите на регрутирање и селекција во било која дејност, а особено во областа на туризмот и угостителството, фактор за успешна комуникација и услов за напредување во кариерата.
Предмет на обработка на овој труд е примената на странските јазици во туристичката индустрија со посебен осврт на туристичката индустрија во Косово.
Целта на истражувањето е да се укаже на важноста и значаењето на знаењето на странските јазици во туристичката индустрија (во процесот на регрутирање и селекција на кадрите во туристичката индустрија, во напредувањето на кариерата на вработените, како и во интерната и екстерната комуникација).

Клучни зборови: социолингвистика, странски јазик, регрутирање, селекција, кариера, унапредување, комуникација, туризам, Косово.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Irina Petrovska
Date Deposited: 02 Oct 2024 08:02
Last Modified: 02 Oct 2024 08:02
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10273

Actions (login required)

View Item View Item