СТРАТЕГИСКИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ХОТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

Арнаудов, Климент (2024) СТРАТЕГИСКИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ХОТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА. In: Докторска конференција, 28,09.2024. (Submitted)

[thumbnail of Докторски проект - Климент Арнаудов.docx] Text
Докторски проект - Климент Арнаудов.docx - Accepted Version
Restricted to Registered users only

Download (136kB)

Abstract

Кризните ситуации влијаат на туристичката индустрија. Особено што состојбите во однос политичките, економските и општествените ситуации во одредена дестинација брзо се пренесуваат низ светот преку низа медиумски канали. Туристичката индустрија како ниедна друга индустрија зависи од креацијата на поволен имиџ како би ги пласирала своите производи, а кризните ситуации може негативно да влијаат на имиџот на одредена дестинација.
COVID-19 пандемијата и енергетскта криза се поактуелни кризи кои извршија огромно влијание врз туристичкиот сектор и хотелската индустрија. Во оваа денешна динамична, турбулентна и брза општествена и бизнис средина, која се одликува со дисконтинуитет и постојани промени, кризите повеќе може да се сфатат како еден вид норма отколку како исклучок во организациите. Сите туристички организации при кризни состојби се соочуваат со низа предизвици, со реална закана од значителен пад на приходите, загуба на работни места па дури и згаснување на бизнисот. Но, кризите нудат и можности, како што е редизајн на работните активности или воведување низа промени и придвижување на иновативните решенија.
Кризата може да ги изненади хотелите, но нивната реакција на неа не смее. Во овој труд фокусот ќе биде ставен на кризниот менаџмент кој бара различни менаџерски способности од оние кои што се потребни во нормални услови на делување во хотелската индустрија. Самите кризни менаџери на еден начин се и архитекти на промените во хотелите. Во трудот ќе се согледа и важноста на кризното планирање и кризното комуницирање со цел излегување од кризата како победник.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Educational sciences
Divisions: UKLO Network
Depositing User: PhD Lidija Simonceska
Date Deposited: 09 Oct 2024 11:52
Last Modified: 09 Oct 2024 11:52
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10262

Actions (login required)

View Item View Item