РОДОВО ЧУВСТВИТЕЛЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКИТЕ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊE/ GENDER SENSITIVE LANGUAGE IN THE MACEDONIAN JOB ADVERTISEMENTS

Janusheva, Violeta (2024) РОДОВО ЧУВСТВИТЕЛЕН ЈАЗИК ВО МАКЕДОНСКИТЕ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊE/ GENDER SENSITIVE LANGUAGE IN THE MACEDONIAN JOB ADVERTISEMENTS. PALIMPSEST: International Journal for Linguistics, Literary and Cultural Research, 9 (17). pp. 35-46. ISSN 2545-3998

Full text not available from this repository.

Abstract

Во последните десетина години, и во Македонија се засилува
дискусијата за родово чувствителниот јазик што се покажува како особено важна за зголемување на видливоста на жената во општеството и за надминување на патријархалниот образец во кој мажот има доминантна, а жената подредена улога.
Во овој труд, се поставуваат две истражувачки прашања: Дали се употребува родово чувствителен јазик во огласите за вработување? и Каков родов јазик се употребува кога се огласува одредено работно место? Целта е да се добие една
општа слика за употребата на родово чувствителниот јазик во огласите имајќи предвид дека во нив се употребуваат именки што именуваат одредено занимање и се
опишуваат посакуваните карактеристики на лицата. Примерокот го сочинува корпус од 500 огласи за вработување, а анализата на податоците ги вклучува кодирањето и општиот квалитативен индуктивно-интерпретативен метод.
Резултатите покажуваат дека во најголем број огласи се употребува генеричката форма за машки род, што придонесува за затемнување на улогата на жената во општеството. Ова го покажуваат и дополнителните информации за условите што
треба да ги исполнува лицето и за неговите карактеристики што се, исто така, дадени во машки род. Од резултатите се гледа и дека е помал бројот на огласи во кои е употребена формата за женски род што, исто така, влијае врз невидливоста на жената во општеството. Сепак, за поздравување е тоа што има огласи во кои се
употребуваат именки од женски род самостојно и во зборовни парови, како и родово неутралните именки персонал, личност и лице/лица. Тоа покажува дека се зголемува свеста за родовата рамноправност и преку јазикот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Prof. d-r Violeta Januseva
Date Deposited: 12 Sep 2024 05:04
Last Modified: 12 Sep 2024 05:04
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10244

Actions (login required)

View Item View Item