МОЖНОСТИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА „НУЛА ОТПАД“ ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН НА РС МАКЕДОНИЈА

Dimovski, Blagoj and Dimitrieska, Cvete (2023) МОЖНОСТИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА „НУЛА ОТПАД“ ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН НА РС МАКЕДОНИЈА. In: ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА (летна сесија) на студентите на трет циклус студии за презентација на докторски проекти.

[thumbnail of Докторски труд, Благој Димовски.pdf] Text
Докторски труд, Благој Димовски.pdf - Published Version
Restricted to Registered users only

Download (1MB) | Request a copy

Abstract

Управувањето со отпадот во значителна мера го потврдува развојот на една земја или регион. Подигнувањето на општествената свест е важен сегмент кој овозможува функционалност и ефикасност при планирање и спроведување на стратегии, за одржлив енергетски развој, кои ја подобруваат состојбата на животната средина.
Целта на овој проект е изготвување на предлог решение за управување со отпад од енергетски аспект со акцент на комунален цврст отпад на државно и регионално ниво (Пелагонискиот Регион), кое ќе се заснова врз специфичните услови на подрачјето (географски, климатски, биолошки, социолошки ...) и карактеристиките на отпадот (процентуална застапеност на компонентите, количина, енергетски квалитет ...). При анализата се земени во предвид статистички, емпириски и компаративни податоци од динамичките трендови кои се достапни во извештаи, физибилити студии и заклучоци на локално, регионално и глобално ниво.
Добиената енергија од цврстиот комунален отпад е додадена вредност на обновливите извори на енергија (сончева, ветерна и хидро енергија) чија цел е да ја намали потрошувачката на конвенционалните енергенси како јагленот, нафтата и природниот гас. Рационалното одложување на отпадот на депониите, каде што ќе биде имплементиран систем за искористување на цврстиот и останатиот отпад од повеќе аспекти (еколошки, економски, енергетски), е во фокусот на голем број на актуелни истражувања. Дел од тоа е предмет на истражување и во овој докторски проект.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Engineering and Technology > Environmental engineering
Scientific Fields (Frascati) > Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Technical Sciences
Depositing User: M-r Blagoj Dimovski
Date Deposited: 10 Sep 2024 07:33
Last Modified: 10 Sep 2024 07:33
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10228

Actions (login required)

View Item View Item