Pashovska, Silvana Суштина и значење на социјалниот маркетинг. Македонско меѓународно научно списание „МАРКЕТИНГ“ Бр.17 Macedonian international Journal of “MARKETING” No. 17 Десетта меѓународна научна конференција (iscmma'23) - НОВИ ГЛОБАЛНИ ЕКОНОМСКИ, СОЦИЈАЛНИ И МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ – Тhe Tenth International scien. ISSN 1857-9787
Text
Pashovska Silvana, Zdruzenie za marketing 2021, Makedonsko megunarodno spisanie Marketing 2021.docx - Published Version Download (68kB) |
Abstract
Маркетингот во денешните динамични услови на живеење и функционирање е двигател на секоја продажба, а без продажба немаме краен резултат, бидејќи ништо не се случува се додека не се реализира продажбата. Дигиталните маркетинг вештини, платформи и алатки се важни за сите, почнувајќи од малите бизниси па се до големите компании.
Дигиталниот маркетинг и дигиталните медиуми се нов интернет во денешно време и се најмоќни алатки ако се знае како правилнои да се користат.
Постојат различни придобивки од дигиталниот маркетинг, односно маркетингот на социјалните мрежи, како што се: економичност, олеснат начин да се добие таргетираната група потрошувачи, најбрз начин на генерирање на потенцијални купувачи, извонредни маркетинг алатки и платформи, анализа на податоци во реално време, анализа на landing страни, креирање дигитална содржина итн. Причините за започнување со социјален маркетинг најчесто се бараат во потребата да се зголеми бизнисот или да се прошири производството. Овој маркетинг игра улога на главен канал за комуникација со потенцијалните клиенти преку социјалните медиуми, пребарувачите, е-маил пораките, содржините кои се креираат, видеата, сликите, подкастовите, електронските книги итн. Производите и услугите можат да стигнат до потенцијалните клиенти во секое време преку дигиталните маркетинг кампањи. Тоа е затоа што се повеќе и повеќе луѓе се поврзуваат на интернет преку мобилни уреди, компјутери и таблети.
Денеска во континуитет се нагласува фактот дека модерниот потрошувач го менува маркетингот, но целта на маркетингот отсекогаш била иста – да се испрати порака до целниот потрошувач. Единствено се променети начинот на кој комуницираме со нашата целна публика и брзината со која можеме да стигнеме до нив. Точно поради тоа, акцентот на внимание во овој труд ќе биде насочен кон фактот дека дигиталната ера го менува начинот на кој маркетингот функционира и од нас бара да ги прифатиме промените и да користиме нови методи и алатки за да ја трансформираме нашата традиционална маркетинг практика во ефективно и пријатно искуство со дигиталниот маркетинг.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Scientific Tobacco Institute |
Depositing User: | Prof. d-r. Silvana Pasoska |
Date Deposited: | 01 Nov 2024 11:18 |
Last Modified: | 01 Nov 2024 11:18 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10207 |
Actions (login required)
View Item |