Pashovska, Silvana and Galeska, Roza Модел за справување со стресот во работната средина. Списание на трудови на ДНУ. ISSN 0352-3497
| ![[thumbnail of Труд за ДНУ 2021- д-р Силвана Пашовска, м-р Роза Галеска.docx]](https://eprints.uklo.edu.mk/style/images/fileicons/text.png) | Text Труд за ДНУ 2021- д-р Силвана Пашовска, м-р Роза Галеска.docx - Published Version Download (412kB) | 
Abstract
Стресот на работното место во голема мера зависи од работните услови и начинот на кој е организирана работата. Одтука, спречувањето стрес на работното место треба да се заснова врз јасна политика и стратегии за обезбедување пристојна работа. Во овој контекст, неопходно е да се даде до знаење на сите работници  дека се потребни заеднички заложби за постојано подобрување на работните услови и организацијата на работата. 
За почеток, потребна е блиска соработка меѓу раководството и работниците. Спречувањето стрес треба да биде дел од системите за управување со безбедноста и здравјето при работа. Планирањето и спроведувањето превентивни мерки треба да се заснова врз процена на ризиците на работното место и утврдувањето приоритети за практични подобрувања. 
Познато е дека најефективниот пристап за намалување на стресот на работното место е партиципативниот пристап, во кој активно се вклучени и раководителите и работниците, а условен е од голем број фактори, како што се психосоцијалните фактори, распоредот на работата, работните методи, работната средина и рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот. Овие многубројни фактори за кои се потребни интервенции од повеќе аспекти, најдобро се решаваат со партиципативен пристап. Со ова, акцентот кај спречувањето стрес на работното место е ставен на партиципативните чекори што се преземаат во многубројните аспекти на работата поврзани со стресот.
Целта на овој труд е преку истакнување на клучните фактори за стрес и со користење на PERMA моделот да им се помогне и на работодавачите и на работниците да чувствуваат задоволство и исполнетост на работното место, преку зголемување на мотивацијата и меѓусебната доверба при извршувањето на работните задачи.
| Item Type: | Article | 
|---|---|
| Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business | 
| Divisions: | Scientific Tobacco Institute | 
| Depositing User: | Prof. d-r. Silvana Pasoska | 
| Date Deposited: | 01 Nov 2024 11:17 | 
| Last Modified: | 01 Nov 2024 11:17 | 
| URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10205 | 
Actions (login required)
|  | View Item |