"Favorable business climate - a factor for sustainability of companies in the Republic of North Macedonia"

Pashovska, Silvana "Favorable business climate - a factor for sustainability of companies in the Republic of North Macedonia". In: International conference Sv.Nikole Меѓународен дијалог: Исток-Запад. ISSN 1857-9299, 2022, Меѓународен Славјански Универзитет, Свети Николе.

[thumbnail of Конференција Славјански Универзитет 2022-Силвана Пашовска.docx] Text
Конференција Славјански Универзитет 2022-Силвана Пашовска.docx - Published Version

Download (72kB)

Abstract

Одржливиот развој е развој што ги задоволува потребите на сегашните генерации без да ја загрози можноста идните генерации да ги задоволуваат своите потреби. Одржливиот развој е развој кој е социјално одговорен и правичен, прифатлив за животната средина и кој се потпира врз основните постулати на граѓанското општество Претпоставува вградување на критериумите за заштита на природниот, социјалниот и културниот капитал во секоја политика. Тоа подразбира урамнотежување на економските, социјалните и целите на животната средина и нивно интегрирање секогаш кога е тоа возможно, преку креирање на заемно поддржувачки политики и практики и со изнаоѓање компромиси кога не е возможна интеграција на целите.
Во крајна линија, тоа значи систематичност при размислувањето и стратешки пристап при планирањето. Тоа значи и однесување во кое се вградени фундаменталните критериуми на одржливиот развој, со што ќе се обезбедат одржливи резултати во сите човекови активности. Одржливоста може да се согледа во три различни гранки: економиска, социјална и еколошка. Кога станува збор за одржлив бизнис, тоа значи дека компанијата се обврзува до одреден временски период ќе го прилагоди своето работење во насока на поголеми дела, наместо само да се фокусира на добивка и загуба.
Компаниите најчесто поставува одржливи цели и работат кон нивно остварување. Но, честопати за да се постигнат истите потребно е повеќе време од предвиденото. Кога бизнисот ќе ги постигне одржливите цели, на пример, намалување на штетните влијанија за 10%, потоа се етикетира како “зелен или одржлив“ бизнис. Компаниите можат да ги постигнат своите одржливи цели на повеќе начини, со намалување на штетни емисии, користење на енергетско ефикасни начини за добивање на струја, елиминирање на пластиката и друг вид на отпад, рециклирање и слично. Кога некоја голема компанија на светско ниво се обврзува на одржливо работење, тогаш и сите останати бизниси што соработуваат со неа мора да ги исполнат ветените принципи на одржливост. Доколку некоја од нив не ги почитува правилата ќе биде ифрлена од “ланецот на одржливост“ на големата корпорација.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Scientific Tobacco Institute
Depositing User: Prof. d-r. Silvana Pasoska
Date Deposited: 01 Nov 2024 11:15
Last Modified: 01 Nov 2024 11:15
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10200

Actions (login required)

View Item View Item