Pashovska, Silvana and Galeska, Roza "Мотивацијата како движечка сила и значајна функција во менаџирањето",. Списание на трудови на ДНУ. ISSN 0352-3497
Text
Списание ДНУ (Пашовска-Галеска)-септември 2022.docx - Published Version Download (299kB) |
Abstract
Успешните компании во своето функционирање како примарен фактор за успех ги имаат во предвид човечките ресурси односно вработените кои имаат различно искуство, различен степен на едукација, сопствени видувања и размислувања за работите воопшто и секоја индивидуа претставува независна личност. Поаѓајќи од тоа, за да ги оствари поставените стратегиски цели, компанијата неопходно е да води грижа за своите вработени, да ги разбере нивните потреби и истовремено да ги мотивира за да може да изгради состојба во која тие ќе имаат чуство на вистинска вредност и припадност кон тимот кој носи успех и развој. Мотивацијата е онаа движечка сила која ги поттикнува вработените на одредени однесувања, таа е од суштинско значење за опстанок и просперитет и е тесно поврзана со задоволството од работата. Мотивацијата е вештина која може и мора да се научи доколку се сака да се успее, односно таа е клучот за продуктивно работење и поттикнувач на работната способност кај вработените.
Компаниите кои се успешни и конкурентни имаат задоволни и мотивирани работници, а тајната е во развиената организациона структура која опфаќа воспоставување на систем на награди, негување на култура на почитување и рамноправност на вработените, како и владеење на пријатна работна атмосфера. Доколку се негува овие вредности, успехот е за загарантиран. Затоа, како препорака за менаџерите може да се даде да посветат поголемо внимание на своите вработени, да покажат разбирање и толеранција за нив, да ce потрудат да увидат поединечно што го мотивира секој вработен и да обезебдат добри услови за работа. Со тоа, нивните вработени секогаш ќе бидат стимулирани за работа и задоволни, со што и нивната ефикасност и продуктивност ќе расте, што во крајна линија е најважно бидејќи тие се најзначајниот ресурс на секоја организациона структура.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business |
Divisions: | Scientific Tobacco Institute |
Depositing User: | Prof. d-r. Silvana Pasoska |
Date Deposited: | 01 Nov 2024 11:13 |
Last Modified: | 01 Nov 2024 11:13 |
URI: | https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/10197 |
Actions (login required)
View Item |