Police crime statistics: theoretical approaches in regards to their reflection of the real crime

Stefanovska, Vesna (2019) Police crime statistics: theoretical approaches in regards to their reflection of the real crime. Македонска ревија за казнено право и криминологија, год. 26, бр.1-2.

Full text not available from this repository.

Abstract

Полициските статистики за криминалот се значајни бидејќи тие се показател за состојбата со вкупниот криминал во една земја и служат за следење на неговата динамика, за бележење и претставување на неговите феноменолошки карактеристики, како и за прогнозирање и откривање на криминалот. Тие, исто така, се показател за улогата на полицијата во откривање, расветлување и спречување на криминалот, а имаат големо значење во планирањето и програмирањето на превентивните активности. Но, тие може да помогнат во остварување на наведените цели, под претпоставка дека се „точни, доверливи и израз на вистински пријавениот и евидентиран криминал“ од страна на полицијата. Имајќи го предвид тоа, темите за вредноста, објективноста и корисноста на статистичките податоци не останаа надвор од теоретските перспективи и истражувања на различните теоретски правци во криминологијата. Определени автори ја возвишуваат и ја апсолутизираат, а други сметаат дека таа нема значење во разбирањето на криминалитетот. Меѓутоа, постои трето стојалиште, според кое статистичките податоци може и треба да се користат во криминолошките истражувања, меѓутоа со нужна претпазливост во врска со нејзината ограниченост и грешките што може да се појават. Во поглед на конкретните криминолошки правци, позитивистите, конструктивистите, радикалните криминолози, како и левите реалисти се издвојуваат во објаснувањата за значењето на статистичките евиденции на криминалот, кои ќе бидат елаборирани во трудот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Security
Depositing User: Olivera Trajanova
Date Deposited: 29 Jun 2021 16:24
Last Modified: 29 Jun 2021 16:24
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6458

Actions (login required)

View Item View Item