Утврдување на материјалната вистина во административната постапка

Vitanski, Dejan (2020) Утврдување на материјалната вистина во административната постапка. Faculty of Law, Goce Delcev, University, Shtip, Republic of North Macedonia, Stip, Macedonia.

Full text not available from this repository.

Abstract

Утврдувањето на материјалната вистина е фундаментален принцип во физиономијата на административната постапка. Како супстанцијален елемент, таа го сочинува битието на административната постапка и е етаблирана како нормативна рамка, директива, водилка, патоказ и постулат за службениците при решавање на конкретни административни предмети. Принципот на материјалната вистина е вграден како основен супстрат во архитектурата на процесните законодавства на државите и истиот треба да се имплантира како основна супстанца во менталната матрица и во професионалниот хабитус на сите службеници, од врвот па се до подножјето на административната пирамида. Неговата императивност се изразува во обврската на сите органи и на сите службеници при решавање на конкретни предмети, односно при одлучување за признавање на конкретни права или за определување на конкретни обврски, дејствата што ги преземаат и актите што ги донесуваат да бидат во согласност со духот на материјалната вистина. Секоја правна постапка (процедура) има својат нормативно проектирана цел. Во тој контекст, може да се каже дека постои своевиден заеднички именител во поглед на целите на правните постапки (кривична, прекршочна, парнична, управна), а тоа е утврдување на фактичката состојба односно материјалната вистина во конкретен случај. Оттука, принципот на материјална вистина им наложува на службениците да се движат по одредена нормативно востановена траекторија заради оживотворување на основната-примордијална цел на административната постапка, а тоа е да се донесе законито решение и да се обезбеди остварувањето и заштитата на правата, обвските и правните интереси на граѓаните и на правните субјекти. Во административната постапка мора да се утврди вистинската состојба на работите во конкретниот случај и во таа насока мора да се утврдат сите правно-релевантни факти, коишто се од важност за донесување на законито и правилно решение. Во тој контекст, овластеното службено лице што ја води постапката треба предметот темелно да го проучи, да ја одгатене неговата суштинска димензија и потполно и целосно да ја разјасни фактичката состојба, односно да ја осознае ствраната (материјална) вистина во конкретниот случај. Меѓутоа, утврдувањето на материјалната вистина, секогаш не претставува едноставна работа. Напротив, во одредени сложени и комплексни предмети, таа може да се претвори во лизгав терен и своедвидна Ахилова петица на службениците. Поради фактот што утврдувањето на материјалната вистина претставува една од најсложените административно-правни работи, од овластените службени лица се бара да го употребат целото свое стручно знаење, професионално искуство, како и логичко и когнитивно расудување во насока на одгатнување и осознавање на правно-релевантните факти. Клучни зборови: материјална вистина, релевантни факти, административна постапка, службеници.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Mr Mladen Kradzoski
Date Deposited: 26 Apr 2021 10:09
Last Modified: 26 Apr 2021 10:09
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6338

Actions (login required)

View Item View Item