Strategy for Development of Tourism in the Municipality of Tetovo

Marinoski, Naume and Zendeli, Mislim and Nestoroska, Ivanka and Risteski, Michael (2017) Strategy for Development of Tourism in the Municipality of Tetovo. Municipality of Tetovo.

[img] Text
POSLEDNA FINALNA VERZIJA STRATEGIJA ZA TURIZAM - TETOVO 27.04.2017.docx

Download (927kB)

Abstract

Туризмот во Општина Тетово во усвоените плански и програмски документи е утврден како една од приоритетните дејности. Со оглед на тоа дека во одржлива смисла туризмот може да ги активира потенцијалите на релативно поволен начин и да го забрза вкупниот развој на општината, тој треба да претставува основен интерес не само во глобални рамки, туку и за малите локални средини. Методолошки пристап ќе овозможи определување на потенцијалите во обем, структура и динамика, погодно користење на просторната положба, природните и културните ресурси и взаемни односи кои се јавуваат во оваа административна целина. Општествените услови претставуваат рамка во која може да се одвива оваа дејност на оптимален начин. Посебна вредност претставуваат комуникациските врски бидејќи нивното унапредување е предуслов за уредување на просторот за туристичка намена, поттикнување на квалитетот на рецептивните ресурси, креирање на туристички производи и настап на туристичкиот пазар. Развојните можности се основа за предвидувањата, нивна класификација и донесување на акциски план во туристичката сфера. Оваа Стратегија јасно и недвосмислено ја определува мисијата на општината во областа на туризмот како функционална категорија на локалната самоуправа. Исто така, таа ја утврдува развојната визија за туризмот низ призма на основните и специфичните цели кои треба да ги артикулира. Преку определувањето на активностите се дефинираат функционалните параметри на подобрување на состојбите. Овој документ треба да го согледа значењето на туризмот во развојот на Општина Тетово. Активностите ќе се однесуваат на третманот на ресурсите, општествените услови, финансиските импликации, карактеристиките на можностите за унапредување на туристичката побарувачка, човечките потенцијални туристичките производи , промотивните активности и предвидувањата на идните развојни можности. Во контекст на планирањето, Стратегијата ги опфаќа приоритетите, содржинските карактеристики и временската рамка, апроксимациите во врска со буџетот за реализација, утврдување на корисници, овозможувачи на активности и партнери, индикатори на успехот и мониторинг на реализација на стратешките предвидувања.

Item Type: Other
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Hospitality
Depositing User: Prof. d-r Michael Risteski
Date Deposited: 30 Mar 2021 12:58
Last Modified: 30 Mar 2021 12:58
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/6332

Actions (login required)

View Item View Item