ОБВРСКИ НА КУПУВАЧОТ ВО ДОМАШНОТО ПРАВО

Ristovska, Angela and Karadjoski, Mladen (2020) ОБВРСКИ НА КУПУВАЧОТ ВО ДОМАШНОТО ПРАВО. Правен Дијалог (21). pp. 91-98. ISSN 1857-7644

Full text not available from this repository.
Official URL: https://www.ihr.org.mk/storage/app/media/Legal%20D...

Abstract

Обврските на купувачот кои се регулирани во домашното право се разликуваат во некои поединости од обврските на купувачот кои што се регулирани во меѓународното трговско право. Меѓународното трговско право и меѓународната трговска и судска практика во делот на обврските на купувачот влијаат врз законското дефинирање и унифицирање на националното трговско право и врз постапувањето на домашните судските органи во делот на обврските на купувачот. Обврските на купувачот претставуваат дел од содржината на договорот за продажба на стока. Договорот за продажба на стока, пак претставува основен и најважен договор во прометот со стока и има огромно значење за стопанството на секоја земја. Договорот за продажба е основна работа во трговијата и без него таа не може да се замисли. Тоа е базично правно дело на основа на кое што се спроведува целокупниот промет на стоки како во домашниот така и во меѓународниот промет. Продажбата како концепт што служи за размена на стоки за соодветен против надомест генерира од потребата луѓето и комапниите да продаваат и купуваат. Независно, од постоењето на правниот режим на продажбата, во реалноста таа ќе постои и ќе се реализира. Поради неговата важност и улога се врши унификација на правилата за купопродажба на стоки. Договорот за продажба е еден од најстарите договори од кој и врз основа на кој се развиле други сродни договори како и некои општи правила и принципи на договорните односи.Односно за постоење на ваков договор, како облигационо правен однос потребно е да има постоење на деловно способни лица, кои ќе можат слободно да ја изразат својата волја за она што е предмет на договорот,а тоа може да биде недвижни, подвижни ствари, хартии од вредност, пари, кои со ваквиот чин на подпишување и давање на согласност од двете страни, а тоа се продавачот и купувачот, предметот преминува од рацете на едната во рацете на другата страна –купувач. Клучни зборови: договор за продажба,обврски на купувачот, стока, права и обврски.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Mr Mladen Kradzoski
Date Deposited: 29 Jun 2020 08:10
Last Modified: 29 Jun 2020 08:10
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/5417

Actions (login required)

View Item View Item