Менаџирање со ризиците на финансиските пазари во глобалната економија

Vitanova, Gordana and Risteska, Aneta and Spaseska, Tatjana (2007) Менаџирање со ризиците на финансиските пазари во глобалната економија. Зборник на трудови на Меѓународната научна конференција на тема Бизнисот и глобализацијата.

This is the latest version of this item.

Full text not available from this repository.

Abstract

Глобализацијата доведува до светска интеграција на пазарите како последица на техничките можности и намалувањето, т.е. отстранувањето на бариерите во меѓународната трговија. Високата технологија е карактеристика на производството, информирањето и комуникациите. Имено, благодарение на развојот на техниката и технологијата настанаа големи промени во производството во поглед на намалувањето на животниот циклус на производите, како и времетраењето на стекнатата конкурентска предност. Оперативните активности на деловните субјекти со погодностите на високата технологија стануваат многу сложени, што драстично влијае врз зголемувањето на ризикот. Мобилноста на финансиските средства, механизмите и контролата на ризикот, дефинираните деловни интереси на учесниците, профитабилноста на инвестирањето, преносот и трансформацијата на формата на држење на средствата итн. се фактори што бараат од менаџерите брзи и решителни акции. Пазарот на капитал и финансиските институции во глобалната економија не можат да се набљудуваат само низ познатите организациски форми, определени со просторот и времето на сретнување на понудата и побарувачката на финансиски средства, туку низ призмата на промените во односите меѓу банките и другите финансиски институции, т.е. сите потенцијални вложувачи на слободни финансиски средства. Од друга страна, пак, сопствениците на слободни финансиски средства особено се внимателни при изборот и донесувањето на одлуките за вложување средства и тие пред себе имаат јасно дефинирани интереси и сознанија за ризикот на вложувањата.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 03 Mar 2020 12:09
Last Modified: 03 Mar 2020 12:09
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3780

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item