Воведен збор

Angeleski, Marjan (2011) Воведен збор. Еквилибриум (4). p. 3. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/ekvilib...

Abstract

Со овој, четврт по ред број се заокружува една година од постоењето на гласилото „Еквилибриум“. Полека, но, сигурно ова гласило почна да се наметнува со своите информативни и едукативни содржини како кај студентите од Економскиот факултет – Прилеп така и кај пошироката јавност. И овојпат, како и во претходните броеви понудени се интересни текстови кои се надеваме ќе го задржат вашето внимание и ќе ве збогатат со корисни информции. На прагот сме на уште една академска година. И оваа година вратите се широко отворени за новите студенти - бруцоши на кои од името на сите вработени на Економскиот факултет – Прилеп сакам да им посакам срдечно добредојде и успех во студирањето. Се надевам дека предизвикот да студираат на Економскиот факултет - Прилеп во целост ќе ги исполни нивните очекувања а студентскиот живот ќе го паметат по пријатни моменти. Сигурен сум дека и новите студенти максимално ќе ја искористат можноста за откривање на тајните на економската наука и стекнување знаења од областите на меѓународната економија и бизнисот, маркетингот, менаџментот, сметководството, финансиите и ревизијата, бизнис администрацијата, бизнис информатиката, финансискиот менаџмент и електронскиот бизнис. Почетокот на новата академска година се совпаѓа со подготовките за упис на нови студенти на вториот циклус - последипломски студии. Имено, покрај на првиот циклус, додипломски студии, Економскиот факултет - Прилеп нуди широка палета студии и на вториот циклус односно последипломски студии на коишто студентите можат да ги продлабочат своите знаења и да се стекнат со звањето магистер на науки. Конкурсот за запишување на втор циклус на студии е веќе објавен и сите заинтересирани можат подетални информации да најдат на web страната на факултетот. И овој број, покрај веќе воспоставените рубрики, нуди голем број интересни содржини и информации од кои би ги издвоил интерниот повик за научно-истражувачки проекти што е во реализација на Центарот за научно-истражувачка работа на Економскиот факултет – Прилеп, информациите за заедничката МБА студиска програма на Економскиот факултет - Прилеп со Френклин универзитетот од САД чиишто уписи се во тек, текстовите од студентите, членови на асоцијацијата AIESEC кои во овој број пишуваат за „една поинаква приказна“ и кои станаа неизбежна рубрика на гласилото „Еквилибриум“, и многу други корисни содржини. Во овој контекст би закал да го потенцирам и календарот на активности за зимскиот семестар во академската 2011/2012 год. со којшто е заокружен овој број.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 19:46
Last Modified: 21 Feb 2020 09:59
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3182

Actions (login required)

View Item View Item