Анализа на синџирот на вредност на софтверските фирми во Република Македонија

Rocheska, Slavica and Angeleski, Marjan and Nikoloski, Dimitar (2019) Анализа на синџирот на вредност на софтверските фирми во Република Македонија. In: Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија. МАНУ, Скопје, pp. 345-362. ISBN 978-608-203-251-1

Full text not available from this repository.
Official URL: http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/03/zbor...

Abstract

Софтверската индустрија денес претставува една од клучните движечки сили на дигиталната економија. Со своите специфики, таа остварува мултипликативни и дисперзирани ефекти врз развојот на другите индустрии и генерира зголемена додадена вредност во економијата. Растечките потреби и барања за софтверски производи и услуги на национално и на глобално ниво ја акцентираат потребата од потемелна анализа на економската улога и значење на оваа индустрија. Во овој контекст, се потенцира релевантноста на софтверската индустрија во Република Македонија како област што инкорпорира значаен потенцијал за поттикнување на економскиот раст, но и област во којашто земјата може да гради компетитивна предност на глобалниот пазар. Синџирот на вредност претставува корисна аналитичка алатка којашто овозможува да се согледаат функционалните карактеристики и можности на бизнисите од софтверската индустрија за зголемување на нивната продуктивност и ефикасност и креирање вредност за нивните потрошувачи. Оттука, овој труд е фокусиран кон анализата на синџирот на вредност на компаниите од софтверската индустрија во Република Македонија, како функционална рамка што ги опфаќа сите релевантни компоненти во процесот на креирање вредност и претставува клучен предуслов за утврдување на конкурентските перформанси на софтверската индустрија на земјата. Преку еден холистички пристап, трудот опфаќа интегрална анализа на концепциските и емпириските аспекти на софтверската индустрија и овозможува подетално контекстуално согледување на опциите, ресурсите и перспективите за унапредување на секторот. Поконкретно, како основни цели на овој труд се специфицираат следниве: а) утврдување на перформансите на софтверската индустрија во Република Македонија; б) анализа на факторите што ја детерминираат нејзината успешност; в) идентификација на проблемите и слабостите во фунционирањето на оваа индустрија; г) согледување на потенцијалите за нејзин раст; и д) определување на мерки и препораки за унапредување и јакнење на конкурентска моќ на софтверската индустрија. Истражувањето е спроведено со користење на секундарни извори на податоци и опфаќа квалитативна анализа на постојната литература, прегледи, студии, извештаи и емпириски истражувања во овој домен.

Item Type: Book Section
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 05 Dec 2019 21:44
Last Modified: 05 Dec 2019 21:44
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2127

Actions (login required)

View Item View Item