УЛОГАТА НА БЛОКЧЕЈН-ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР

Rocheska, Slavica and Angeleski, Marjan and Odzaklieska, Dragica (2019) УЛОГАТА НА БЛОКЧЕЈН-ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР. ПРИЛОЗИ. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ - МАНУ. pp. 129-135.

[img]
Preview
Text
Manu trud Odzaklieska.pdf

Download (225kB) | Preview

Abstract

Појавата на блокчејн-технологијата како ре- волуционерна технолошка иновација, го наметна дискурсот за нејзините потенцијални трансфор- мативни влијанија и ефекти врз економијата и биз- нисот. Првите согледувања и анализи покажуваат дека таа овозможува компресија на временската рамка за реализација на многу трансакциски актив- ности и нивна зголемена сигурност, безбедност и контрола. Оттука произлегува зголемениот инте- рес на научната и на стручната јавност за допол- нително истражување на потенцијалите на оваа технологија и согледување на можните придобивки од нејзиното користење. Во овој контекст, блок- чејн-технологијата се перципира како атрактивна опција за технолошка трансформација на повеќе сектори и бизниси меѓу кои особено се акцентираат можностите за имплементација во финансискиот сектор. Нејзината појава навестува една нова ера на фундаментална реконфигурација на финансиската инфраструктура и редизајнирање на традиционал- ните деловни модели во финансиската индустрија. Истовремено, блокчејн-технологијата, како нова технолошка парадигма, генерира многубројни пра- шања и дилеми кои наметнуваат потреба од поте- мелни аналитички опсервации како претпоставка за катализирање на согледувањата во однос на ви- дот, опсегот и интензитетот на промените што таа може да ги предизвика во финансиската сфера. Оттука, овој труд е насочен кон анализа на нејзините потенцијали за трансформација на по- стојната функционална инфраструктура на фи- нансискиот сектор и консеквентните ефекти и ризици од нејзината имплементација.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 06 Dec 2019 10:39
Last Modified: 06 Dec 2019 10:39
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2121

Actions (login required)

View Item View Item