РЕФОРМИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПОСЛЕДНИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ

Андоновски, Мирослав and Здравкоски, Игор (2015) РЕФОРМИТЕ ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПОСЛЕДНИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ. In: XXI Skup TRENDOVI RAZVOJA UNIVERZITET U PROMENAMA, 23 - 26 2015, Zlatibor, Serbia.

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of T1.3-2.pdf]
Preview
Text
T1.3-2.pdf

Download (332kB) | Preview

Abstract

Кратка содржина: Како и во сите области на општествените активности, така и во областа на образованието надлежните институции се трудат и настојуваат да изградат систем, односно да донесaт регулатива што ќе овозможи развој на истите компатибилен на потребите на современите општествени текови. Така, во областа на високото образование се направени низа измени во законската и подзаконска регулатива со цел подобрување на квалитетот на истото, односно продуцирање на кадри кои се компатибилни на потребите на стопанството и потребите на општествената заедница воопшто.
Следејќи го овој тренд надлежните институции во Република Македонија предложија и донесооа нов Закон за високото образование во 2008 година, иако претходниот, во кој беше опфатен и кредит трансфер системот, беше донесен само пред осум години, односно во 2000 година . Меѓутоа и овој новодонесен закон, со изговор дека се прават реформи во високото образование, уште пред да излезе генерација на студенти според истиот, тој претрпе бројни измени , така што вкупниот број на интервенции во истиот изнесува 16, од коидве се со Одлуки на Уставниот суд на Република Македонија . Ако на ова се додадат и бројните подзаконски акти, од кои дел беа изменети уште пред да влезат во сила, може да се констатира дека на вака динамичен начин, без претходно согледување на резултатите од спроведувањето напрописите, па и во областа на високото образование, не може да се направат квалитетни реформи. Всушност, тоа може да се види и од последните измени на законската регулатива, кои беа проследени со масовни студентски и професорски протести.
Клучни зборови:образование, реформи, квалитет.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Jun 2016 09:52
Last Modified: 29 Jun 2016 09:52
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/169

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item