УПОТРЕБА НА ТОЧКАТА ВО ЗНАЦИТЕ ЗА ДИРЕКТНА РЕЧ ВО МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК

Janusheva, Violeta and Videvska, Hristina (2018) УПОТРЕБА НА ТОЧКАТА ВО ЗНАЦИТЕ ЗА ДИРЕКТНА РЕЧ ВО МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК. Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања „Палимпсест“, 3 (7). pp. 81-89. ISSN 2545-3998

Full text not available from this repository.

Abstract

Апстракт: Почитувањето и доследната примена на правописната норма во секојдневната пишана практика влијае врз нејзиното чување, негување, култивирање и врз нејзината афирмацијата, а тоа, пак, од своја страна, придонесува за чување и унапредување на јазичниот идентитет. Оваа норма, од една страна, треба да биде доволно флексибилна за да може да ги дообјаснува и прецизира веќе постојните правописни правила со цел да се зголеми можноста за генерализација, но, од друга страна, и доволно стабилна за да не ги менува веќе установените правописни правила кои се во употреба подолго време. Имајќи предвид дека е точката основен и најупотребуван правописен и интерпункциски знак, како и дека во пишаната практика во однос на нејзината употреба во знаците за директна реч се јавуваат различни решенија, целта на овој труд е да испита дали се направени одредени промени во правилата што ја регулираат употребата на точката во знаците за директна реч во двете изданија на Правописот (1998 и 2017). Истражувањето има квалитативна парадигма и дескриптивен дизајн. Примерокот го сочинуваат правилата за употреба на точката во знаците за директна реч во двете изданија на Правописот, а пишаната практика ја претставуваат електронски извори, публикувани во РМ во 2018. Од методите за обработка на податоците и за донесување заклучоци се употребуваат анализа, синтеза и компарација. Истражувањето покажува дека во однос на употребата на точката во знаците за директна реч, меѓу двете изданија на Правописот, постои значајна и суштинска разлика, како резултат на што се забележуваат евидентни разлики во пишаната практика.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Mr Josif Petrovski
Date Deposited: 27 Dec 2018 12:09
Last Modified: 27 Dec 2018 12:09
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1584

Actions (login required)

View Item View Item